Контакт

Скопје

Фитнес центар на отворенo во Кисела Вода

Објавено пред

Современ фитнес центар на отворенo, од среда им стои на располагање на сите рекреативци од општина Кисела Вода.

 

 

Во непосредна близина на ОУ “Св. Климент Охридски” во селото Драчево, се поставени повеќе фитнес реквизити-вратила, разбои, клупи, справи наменети за обликување на различни делови од телото, кои ќе им овозможат на сите љубители на спортот, бесплатно да вежбаат и да го  развиваат спортскиот дух, да го подобрат својот здравствен статус и подобро да си го организираат слободното време.

 

Фирмата изведувач “29 Ноември” комплетно ги заврши градежните активности, за кои општина Кисела Вода од својот буџет издвои околу 230 000 денари.

 

Дека ова место претендира да стане вистински спортски локалитет, достапен за секој вљубеник во спортот, говори и фактот што пред само две седмици, тука, во дворот на ОУ “Св. Климент Охридски”, беше пуштено во употреба ново повеќенаменско игралиште, изградено од страна на Агенцијата за млади спорт, како дел од владиниот проект  ”Изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта“ и кое овозможува услови за тренирање кошарка, мал фудбал и ракомет.

 

Претходно, општината инвестираше во обнова на покривот на  спортската сала на училиштето што говори за сериозна посветеност на оваа локална самоуправа да овозможи на секого вежбањето да му биде неизбежен дел од секојдневниот животен ритам.

 

Дечињата од селото Драчево, пак,  добија ново детско игралиште во месноста Дупки. Лулашки, клацкалка, вртелешка и лизгалка, на простор заграден од двете страни, постави фирмата “29 Ноември”,  за што општина Кисела Вода издвои од својот буџет 115 000 денари, се наведува во соопштението. /крај/

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

АХВ чека резултати од мострите храна од сендвичарницата „Гранд бургер“

Објавено пред

Агенцијата за храна и ветеринарство ги чека резултатите од мострите храна земени во рамките на инспекцискиот надзор спроведен уште во понеделникот врз основа на поднесени претставки од страна на потрошувачи, кои се засегнати во овој случај, а чија истрага е во тек.

Агенцијата соопшти дека доцна попладнево добила официјално известување од Центарот за јавно здравје – Скопје дека по добиени пријави и извршени епидемиолошки анкети, утврден е извор на зараза – сендвичарницата „Гранд бургер“. Инспекциските служби на АХВ и на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по добиеното известување, се упатија кај операторот со храна за да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на фактичката состојба кај овој оператор со храна и за одредување мерки за сузбивање на појавата.

На самото место констатирано е дека објектот не работи, односно, по изјава на соседите, тој бил затворен од страна на самиот оператор уште во текот на вчерашниот ден.

Прикажи повеќе...

Македонија

Силно невреме со дожд и ветер го зафати Скопје

Објавено пред

Силно невреме со поројни дождови го зафати Скопскиот Регион. Отежнат е сообраќајот и на автопатот Тетово – Скопје, а возилата се движат со 40 километри на час. Тоа создаде колони и делумно го закочи сообраќајот.

Инаку, невремето проследено со врнежи зафати и други градови во дражавата. Според метеролозите, ваквата временска нестабилност ќе се задржи до крајот на идната недела.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 21 степен, а максималните ќе достигнат до 33 степени.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Град Скопје распиша јавен повик за субвенции на инвертер клима-уреди

Објавено пред

Град Скопје денеска го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима-уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните ќе може да аплицираат и онлајн.

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, денеска одржаа прес-конференција и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима-уреди.

„Согласно со условите на овој јавен повик се отвора можноста за над 5.000 граѓани на Скопје да им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер-уред, но не поголема од 62.000 денари во нето-износ. Сите граѓани на територија на Град Скопје кои немаат искористено субвенции за затоплување на своето домаќинство од Градот Скопје и кои немаат приклучок или можност за приклучок на централно греење во објектот каде што ќе биде инсталиран уредот имаат право да учествуваат на повикот. Набавениот уред потребно е да биде монтиран во објектот со адреса од личната карта на барателот. Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1.1.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата“, изјави Салиху.

Тој додаде дека на овој повик новитет е условот граѓаните доброволно да ја достават (без надоместок) постојната печка на дрва, јаглен, нафта или на мазут на локација која дополнително ќе им биде соопштена.

„Овие субвенции се дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје, најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5-честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува пред сè поради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено го постигнуваат максималното задоволство при затоплувањето на домовите. Со субвенциите за овие уреди создаваме услови за поголем број граѓани да се одлучат да инвестираат во нов начин на греење, со кој ќе се намали загадувањето на воздухот, ќе се намалат трошоците за греење, а ќе се подобри нивото на комфор и удобност во нивните домови“, нагласи Салиху.

Доколку се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термопечка, печка на дрва и инвертер-клима уред ќе се добијат следните пресметки: термопечка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 40.000 денари годишно, печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 37.000 денари годишно, инвертер клима-уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 18.000 денари годишно.

Според анализата, на годишно ниво ќе се заштедат од околу 19.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 22.000 денари во однос на загревањето со термопечка. Новитет на овој повик е и можноста граѓаните за субвенции на инвертер клима-уреди за затоплување на домаќинствата да аплицират онлајн.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов ЛИНК.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет7 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет7 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ11 час

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија12 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа13 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија13 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ14 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет15 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија15 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет16 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија17 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија17 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион17 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа17 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет18 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија19 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет19 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија20 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион20 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Досие