Скопје
Градоначалникот Трајановски се сретна со претставници на здруженија и фондации
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во понеделник оствари средба со претставници од дел од здруженијата на граѓани и фондации кои функционираат во Скопје.
На оваа средба здруженијата на граѓани беа запознаени со плановите за дејствување на Градот Скопје во областа на поддршка на овие здруженија и фондации.
„Град Скопје, преку Секторот за меѓународна соработка и Одделението за соработка со здруженија на граѓани и фондации со години наназад на разни начини се обидува да ги подобрува капацитетите на Здруженијата на граѓани и фондации кои гравитираат на територијата на Градот Скопје. Во таа насока и за таа цел во изминатите години се спроведени повеќе јавни повици во различни сектори во Градот Скопје, каде што јавни повици спроведуваат Секторот за Меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации, Секторот за јавни дејности (Одделението за Социјална и детска заштита, Одделението за култура и Одделението за спорт), како и Секторот за заштита на животната средина и природата при Град Скопје“, рече градоначалникот Трајановски на средбата.
Градот Скопје во областа на здруженијата на граѓани функционира согласно со Стратегијата за поддршка на здруженијата на граѓани и фондации за периодот од 2013 до 2016 година. Со оваа стратегија се разработува рамка за идни активности кои ќе овозможат понатамошно зајакнување и развој на соработката со граѓанскиот сектор со Град Скопје.
Основна цел на Стратегијата на Град Скопје за поддршка на здруженијата на граѓани и фондации е да овозможи активно вклучување на граѓанските организации во процесите на дефинирање на развојни активности и иницијативи на Градот Скопје, како и да создаде предуслови за ефикасни партнерства помеѓу граѓанскиот сектор и Градот Скопје.
„Стратегијата на Град Скопје за поддршка на здруженија на граѓани и фондаци се стреми да обезбеди поволна средина за понатамошниот развој на граѓанскиот сектор и да создаде услови тој да биде препознаен како еден од основните актери во секое современо демократско општество и со тоа да биде еден од основните партнери на Градот Скопје во остварувањето на неговиот иден развој“, рече Трајановски.
Претставниците на здруженијата на граѓани го запознаа градоначалникот Трајановски и претставниците на Сектор за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации со дел од проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, а средбата ја искористија за да дадат поголем број предлози и сугестии за продлабочување на соработката помеѓу нив и Градот Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.