Скопје
Изложба „Арт Ограда“ во Карпош
Во соработка со Oпштина Карпош, “Моден викенд Скопје“, денеска постави изложба на фотографии на модели на македонски дизајнери учесници на годинашнава манифестација.
Отворената изложба на фотографии која ќе биде достапна за граѓаните цел месец, е поставена на оградата на Архивот на Град Скопје, наспроти „Скопје Сити Мол“ односно на аголот на улица Московска и булеварот Партизански одреди, а истата е насловена „Арт Ограда“.
Станува збор за големи паноа од фотографии на модели кои ги носат нашите познати актерки Ивана Павлаковиќ и Дарја Ризова, Јована Василева победничката на „Танц на ѕвездите“ и манекенките на модната агенција „Подиум“.
Градоначалникот на општина Карпош, видно задоволен од преубавите креативни фотографии, ја поздрави оваа манифестација.
„Како една современа Општина, сакаме да ги следат модните трендови и од тие причини ја поддржуваме оваа изложба. Манифестацијата „Модна недела“ која се одвиваше на територија на општина Карпош, каде се снимени сите фотографии, на осум локации во Општината. Нашето вклучување и идејата на оваа манифестација и изложба е со цел да ги поттикнеме граѓаните да ги следат модните трендови, а ние како локална самоуправа даваме поддршка токму на вакви иницијативи за да можат повеќе граѓани да ги следат модните трендови од Европа и Балканот“, рече Јакимовски.
Традиционалната 10-та по ред манифестација „Модна недела-Скопје“, ќе започне утре и ќе трае до 27 октомври овој месец. Инаку фотосесијата на моделите на македонските модни креатори се правеше на осум локации на територијата на Општина Карпош, која како најурбана општина е најпретставителна за современите модни трендови, и тоа кај реновираната фасада на зградата „Мал одмор“, кружниот тек кај гимназијата „Ѓорѓи Димитров“, кај фонтаната во Карпош 3, на платото кај Млечен ресторан, во дворот на манастирот Свети Пантелејмон, во дворот на ООУ „Јан Амос Коменски“, на новиот плоштад во Влае „Делфина“ и долж булеварот Партизански одреди. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Советот на Општина Центар даде зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички во салата на ООУ ,,Коле Неделковски’’
На денешната 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле Неделковски” за потребите на младите кошаркари на КК Работнички, без надоместок, додека не биде реновирана салата во Градски парк.
На советниците градоначалникот Герасимовски им појасни дека се работи за исклучителна ситуација која ќе трае само додека не се создадат услови за одржување тренинзи во реновираното здание и дека оваа одлука е наменета само за јуниорскиот тим.
,,Ова не е одлука за првиот тим на Работнички туку за младинскиот клуб на КК Работнички бидејќи во моментот кога ќе почне да се реновира салата, тие ќе немаат простор за тренинзи. Знаеме каква е финасиската ситуација на младинскиот тим. Истиот функционира и од спортскиот ваучер што го доделува Владата, кој за жал доцни. И поради тие причини и поради тоа што самиот тим е сопственост на Општината, ние мораме да се грижиме за клубот и за младинците што таму тренираат и играат. Затоа мислам дека барањето е издржано и очекувам советниците да се согласат” истакна Герасимовски.
Предлог одлуката за користење на спортската сала во ООУ ,,Коле Неделковски” без надоместок од страна на КК Работнички за 2024 година е усвоен со 21 гласа ЗА, ниеден глас против и без воздржани.
Одлуката беше донесена откако КК Работнички-Скопје побара од Општината, како акционер, да добие тренинг термини во основните училишта за својот младински тим, поради реновирање на салата.
,,Како наш единствен акционер, сопственик и воедно сопственик на основните училишта во општината ве замолуваме да ни дозволите нашите младинци да тренираат во една од салите на школите кои се во ваша надлежност, стои во дописот на КК Работнички-Скопје испратен до Општина Центар.
Скопје
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата Наум Наумовски-Борче
Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел Дувет, на раскрсницата помеѓу „Ленинова” и „Партизанска” која претставуваше проблем и пречка за функционирање на сите учесници во сообраќајот.
Со овој потег општината го реши деценискиот проблем на барање на жителите, по поднесена петиција во која се потпишаа 327 граѓани. Ова е направено во согласност со ДУП-от и за овој зафат се добиени потребните дозволи од сите надлежни институции.
На улицата се поставени столпчиња за безбедност во сообраќајот и за влегувањето на возилата во подземните гаражи. Со овој зафат се обезбедува пристапна зона која ќе биде проодна и безбедна за граѓаните.
,,Конечно го решаваме долгогодишниот проблем на ваше барање. Улицата станува безбедна за пешаците и за вас жителите. На овој потег постојано се случуваа сообраќајни незгоди и затоа ова моравме да го направиме. Со вадењето на рампата воедно и ја ослободивме улицата од сите пречки поради кои имаше проблеми”, им се обрати Герасимовски на собраните жители.
Општина Центар известува дека улицата ќе биде двонасочна, во широчина од 7 метри, по 3.5 од секоја страна, ќе се отстрани страничната урбана опрема и ќе се намалат надворешните тераси на угостителските објекти долж улицата „Наум Наумовски Борче”.
Со ова исто така ќе се оневозможи дивото паркирање на улицата што претходно претставуваше проблем за пешаците.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 16,00ч дел од корисниците во с. Волково и с. Кучково ( о. Ѓ. Петров);
· Од 09,00ч до 14,00ч корисниците од ул. Банско, ул. Баница, ул. Наум Охридски и ул. Жванска (о. К. Вода);
· Од 07,00ч до 15,00ч новите згради спроти Мерцедес ул. 852 (о. Г. Баба) и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул.Пржино, ул.Кавалска (о. К. Вода).