Скопје
Карпош испрати помош за поплавените подрачја
Камион полн со кебиња, вода, трајна конзервирана храна, хигиенски средства и производи потребни тргна испрати во вторникот за настраданите од поплавите скопската општина Карпош.
Граѓаните од општина Карпош заедно со локалната самоуправа, собраа над осум тони вода, околу две илјади парчиња хигиенски средства, над 1.500 парчиња конзервирана храна, како и повеќе од 1.300 парчиња останати прехранбени производи.
Сè што е наполнето во овој камион ќе биде наменето за жителите во општината Чешиново-Облешево . Помошта од Карпош ќе им биде предадена на тамошните локални власти, а тие пак, ќе ја распределат на настраданите граѓани.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски посака ова да биде последно лошо кои и се случува на државата.
„Жал ми е што во 21-от век се случуваат вакви стихии и поплави кои што им носат несреќа на граѓаните, но сепак, ние треба да сме тие кои колку-толку ќе се потрудиме да им помогнеме. Покрај ова, Советот на општина Карпош на следната седница треба да донесе одлука со која ќе се издвојат и парични средства од буџетот на Општината, како и од средствата на самите советници од сите советнички групи за помош на поплавените. Предложено е да биде издвоен половина од нивниот паушал за граѓаните кои се наоѓаат во поплавените подрачја“, истакна Јакимовски кој потсети дека на овие граѓани треба да им се помага и натаму во наредниот период при реконструкција на нивните домови и објекти.
Хуманитарната акција на општина Карпош траеше една недела со што Карпош уште еднаш ја покажа својата солидарност и хуманост на дело. На 36 пункта, во 14-те урбани заедници на територија на општина Карпош, како и во сите основни училишта и градинки, граѓаните имаа можност да ја остават својата донација и да дадат поддршка на своите граѓани од поплавените региони./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.