Скопје
Карпош се поклони пред првиот скопски партизански одред
Делегација на Општина Карпош предводена од Секретарот на Општината Бојан Милошевски положи венец свежо цвеќе пред споменикот на Првиот скопски партизански одред, кој се наоѓа на територијата на Карпош.
Делегација на Општина Карпош предводена од Секретарот на Општината Бојан Милошевски положи венец свежо цвеќе пред споменикот на Првиот скопски партизански одред, кој се наоѓа на територијата на Карпош.
На свечената манифестација која ја организираше Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОВ, пред присутните гости, почитувачи на придобивките на НОБ и борци, говореше Трајко Стаматовски, претседател на градската организација на борците. Тој евоцираше спомени за формирањето на Првиот скопски партизански одред, првите вооружени акции организирани од диверзантските групи и жртвите кои паднале во борбата против фашистичкиот бугарски и германски окупатор.Првиот скопски народноослободителен одред е формиран на 22 август 1941 година во Чифлик Скопско, и во него се бореле 42 борци од сите националности, од кои 17 загинале во текот на Народноослободителната војна. Од овој одред дури тројца се прогласени за народни херои и тоа Раде Јовчевски Корчагин, Боро Петрушевски и Александар Урдаревски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.