Скопје
Ќе се модернизира Бит пазар
Советот на општината Чаир на седница во втроник, го усвои нацртот на Деталниот урбанистички план за целосна реконструкција и надградба на Бит пазар.
Советот на општината Чаир на седница во втроник, го усвои нацртот на Деталниот урбанистички план за целосна реконструкција и надградба на Бит пазар.
Во насока на спроведување на јасна и транспарентна постапка и во согласност со регулативата ќе следи јавна анкета и јавна презентација на којашто сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да достават свои предлози и забелешки што потоа ќе ги разгледува Стручната комисија и ќе бидат земени во предвид во следните фази за развој на овој проект, соопштија од општината. „Бит пазар е еден од најголемите зелени пазари во земјава, каде егзистенција обезбедуваат голем број семејства. Со новиот нацрт план, откако ќе ги помине сите процедури, ќе се зголеми бројот на тезгите, ќе се направи нов проект кој ќе обезбеди доволен број паркинг места со што новиот пазар ќе добие нов модерен изглед. Идејата е во новиот проект да се вклучат сите тезги кои сега се надвор од пазарот со што ќе се отвори патот кон театарот и улицата „192“, а ќе се растовари и тротоарот до трговскиот центар „Мавровка“. Така ќе се отвори и просторот кон Старата скопска чаршија, со што ќе обезбедиме една нова урбана димензија“, истакна Иџет Меџити, градоначалник на Чаир. Откако ќе заврши јавната расправа и јавната презентација, Стручната комисија ќе достави заклучок, ќе почне постапката на предлог на Деталниот урбанистички план (ДУП), кој ќе треба да добие позитивно мислење од страна на сите инволвирани јавни и приватни институции. По оваа фаза ќе се поднесе постапка за согласност од страна на Министерството за транспорт и врски и на крајот Советот на општината Чаир ќе донесе одлука за усвојување на Деталниот урбанистички план за Бит пазар. Според плановите изградбата треба да трае една година. За да не се наруши работењето на Бит пазар планирано е градежните зафати да се одвиваат етапно./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

