Скопје
Милениумскиот крст на Водно доби ново осветлување
Нов систем за осветлување на Милениумскиот крст беше пуштен во употреба во вторник на врвот на Водно.
„Објектот не беше целосно завршен, а постои цели петнаесет години. Поради тоа беше неопходна негова доизградба, реконструкција, како и преземање активности за негово обновување. За таа цел беа преземени активностите, како антикорозивна заштита на челичната конструкција на Милениумски крст, што е доста сложена технологија, но во исто време претставува значаен фактор во осигурувањето на конструкцијата во целина, направена е и нова електрична инсталација на Милениумскиот крст кој е е осветлен со 280 ЛЕД светилки“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
Тој додаде дека вредноста на целокупниот проектот за осветлување на Милениумски крст изнесува 15. милиони денари.
Трајановски информираше и за работите кои сè уште не се завршени, но се во тек.
„Тоа е делумна демонтажа на постојниот лифт, како и негова замена со нов панорамски и застаклен лифт, почнато е водоснабдувањето на Милениумскиот крст, во фаза е изградба на водоводна инсталација од бунарот до Милениумскиот крст, како и довршување на активностите околу изградбата на бунарот.Исто така, комплетно е опремен ресторанот кој е сместен во самата основа на Крстот и во наредниот период се очекува и негово пуштање во употреба, како и изградба на пречистителна станица и резервоар за питка вода. Сите овие активности за доизградба на Милениумски крст се во вредност од 66 милиони денари“, информираше Трајановски.
Проектот и организацијата на работите за поставување на новиот систем за осветлување на Милениумскиот крст беа реализирани од компанијата „Балкан Енерџи Груп“, а оваа иницијатива активно ја поддржа Леонид Лебедев, член на Советот на Федерацијата на Федералното Собрание на Руската Федерација, донатор и општествен деец.
Модернизирањето на системот за осветлување овозможи да му се даде нов, посовремен изглед на еден од главните архитектонски симболи на Скопје, да се нагласи неговата неповторливост. Реализацијата на проектот ќе придонесе за развојот на туристичката и културно-историската инфраструктура на главниот град на Македонија.
Покрај естетските придобивки, модернизацијата ќе овозможи и технички и економски придобивки, како намалување на потрошувачката на електрична енергија за 20%, односно на тој начин ќе се заштедат околу 3.600 евра годишно. Трошоците за поправките на старите светилки, кои сега се заменети со светилки од нов тип ќе се намалат за 2.000 евра годишно. Годишните трошоци за техничкото одржување на комплексот за осветлување ќе се намалат за 1.500 евра. Вкупната годишна заштеда на парични средства неопходни за експлоатацијата на системот за осветлување ќе изнесува 7.100 евра. Рокот на експлоатација на новиот систем за осветлување ќе биде најмалку 15 години. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.