Скопје
Модернизирана читалната во СД „Гоце Делчев“ со донација на Еуролинк осигурување
Читалната во студентскиот дом „Гоце Делчев“ доби нов, модерен лик благодарение на компанијата „Еуролинк осигурување“ која финансиски го помогна модернизирањето на просторот во кој студентите учат.
Новата читална, која беше уредена со донацијата на „Еуролинк осигурување“ од 8.500 евра, е пуштена во употреба. Станува збор за простор со површина од 160 квадратни метри, во блокот Б, на 6 кат, кој освен што има ново внатрешно уредување, доби и комплетно нов инвентар – маси, столици и библиотека, каде што студентите можат да ги подготвуваат своите семинарски, колоквиуми и испити. Проектот е дел од платформата на компанијата за корпоративна општествена одговорност: „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“. Освен со финансиска донација, „Еуролинк осигурување“ се вклучи и со логистичка поддршка, како и со креирање идејно решение за уредување на внатрешниот простор на читалната. Целта на донаторската програма на „Еуролинк осигурување“ е да им се даде неопходната поддршка на студентите, а воедно како општествено одговорна компанија да даде свој придонес во подобрувањето на условите во самиот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.