Скопје
Нови пет инвестиции и 130 нови слободни работни места во Општина Илинден
Во локалната економска зона „Ограѓа“ во населба Илинден влегувааат пет нови инвестиции.
Во насока на интензивирање на локалниот економски развој и привлекување на домашни и странски инвеститори, Општина Илинден преку електронско јавно наддавање отуѓи пет градежи парцели наменети за лесна и незагадувачка индустрија, со вкупна површина од 30.000 метри квадратни.На овие парцели свои капацитети ќе почнат да градат компаниите „Мултипром“, „Вертиго Дизајн“ и „Деус Биб“. Според најавите од инвеститорите во новите погони ќе бидат инвестирани околу осум милиони евра, при што ќе бидат отворени 130 нови слободни работни места.Овие компании на новите локации ќе градат погони за производство на кондиторски производи, магацински и деловен простор, како и шпедитерско транспортни капацитети.Со ова Општина Илинден и понатаму останува максимално посветена на предизвикот кон инвестициите и отворањето на нови слободни работни места, во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните. И во иднина, во континуитет ќе се залага за намалување на стапката на невработеност која во моментот е помалку од 10 отсто./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.