Контакт

Скопје

Одржана завршна конференција од Неделата на енергетика 2014

Објавено пред

Централниот настан на десеттата Недела на енергетика 2014 се одржа во вторник во салата на Советот на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Конференцијата со наслов „Придобивки и стекнати искуства преку меѓународна соработка“, чија придобивка е зачувување на животната средина и природата, е целосно поддржана од RE-SEEties, проект со траење од две години, со буџет од 2.249.000 евра, кој се фокусира на проблемот на неефикасно искористување на ресурсите во градовите. 

Проектот е поддржан од Европската унија и Транснационалната програма за соработка во Југоисточна Европа. Учествуваат осум општини од Југоисточна Европа (Будимпешта – Унгарија, Аигалиео – Грција, Потенца – Италија, Нитра – Словачка, Скопје – Македонија, Птуј – Словенија, Иванич Град – Хрватска, Харгита – Романија) и неколку професионални институции како партнери. 

Целта е да им се помогне на општините да развијат интегрирано решение за отпад и енергија, за да се создадат урбани заедници кои ефикасно ќе ги искористуваат ресурсите. 

На конференцијата се обрати градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој рече дека Градот реализира повеќе проекти во насока за зачувување на животната средина. 

„Свесни за сè повисоките трошоци за енергија, за важноста на сигурното снабдување со енeргија, како и климатските промени предизвикани од ирационалното користење на енергијата, Градот Скопје придонесува за намалување на потрошувачката на фосилни горива за затоплување, намалување на емисиите на стакленички гасови и промоција за користење обновливи извори на енергија“, рече Трајановски. 

„Проекти  на кои Градот Скопје веќе работи, а придонесуваат кон  зачувување на животната средина и природата се: тригодишната програма за енергетска ефикасност на објектите кои се под ингеренции на Град Скопје, промена  на над 95% на уличните светилки на улиците кои се под ингеренција на Град Скопје со натриумови светилки (енергетски ефикасни), економично регулирање на топлински станици (систем со второстепена регулација),  гасификација на две средни училишта, направени проекти за гасификација за уште две средни училишта и моментално е во тек почеток на изведба на системите, извршена е промена на ПВЦ прозорци во речиси сите средни училишта на Град Скопје, направена е целосна реконструкција на фасадата (изолација со стиропор со дебелина од 10 сантиметри), промена на старите прозорци со нови ПВЦ и промена на покривот на СУГС „Јосип Броз Тито“, како мерки за енергетска ефикасност на објектот, градот Скопје е еден од првите градови во Југоисточна Европа кој има централно регулирање на сообраќајот, преку донацијата на Владата на Р.Македонија, во сообраќај се веќе вклучени 100% нови автобуси во Јавното соообраќајно претпријатие со кои ќе се заштеди големо количество гориво и ќе се намали емисијата на штетни гасови за подобрување на квалитетот на воздухот во градот, се работи на проект за реконструкција на семафорите и илуминација на фасадите во центарот на Градот со лед светилки, преку многубројни проекти се развива свеста кај граѓаните за користање на велосипедите како превозни средства, а се организираат и различни манифестации во овој контекст,  проширување на постојните велосипедски патеки и изградба на нови, проширување на старите сообраќајници во нови современи булевари, изградба на нови современи сообраќајници и изготвување  проекти за нови сообраќајници со кружни токови на раскрсниците, се со цел за континуирано движење на возилата, а со тоа нивно економично трошење на горивото и помала емисија на издувните гасови“, велат од Град Скопје. 

Настанот беше организиран со цел споделување позитивни искуства од меѓународна соработка кои вродиле со плод, а се од значење за граѓаните и заедницата, да ги сплоти стекнатите искуства и позитивните примери од успешни практики, како и продлабочување на соработката во меѓународни проекти од областа на животната средина и ефикасното искористување на ресурсите. 

Настанот го организираше Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ и Град Скопје, а финансиран е од меѓународниот проект „РЕ –СЕЕтиес“, дел од ЈИЕ програмата на ЕУ.крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје

Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.

dobivaj vesti na viber

· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);

· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);

· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);

· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);

· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);

· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Скопје

Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Објавено пред

ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.

ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.

Прикажи повеќе...

Скопје

Неколку скопски општини денеска без струја

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Шуто Оризари, Кисела Вода, Гази Баба и Чучер Сандево.

dobivaj vesti na viber

· од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од улиците: Брсјачка Буна и Пелагонија. (Општина Шуто Оризари)

· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од село Усје. (Општина Кисела Вода)

· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Пржино и Пандо Кљашев. (Општина Кисела Вода)

· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 1 во с. Црешево, поточно објектите на патот кон с. Смиљковци. (Општина Гази Баба)

· од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од делови од улиците: Македонско Косовска Бригада и Шуто Оризари. (Општина Шуто Оризари)

· од 12:30 до 13:30 часот, корисниците од селата: Кучевиште, Побожје, Бродец, Малино, Танушевци и Брест. (Општина Чучер Сандево)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија10 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија12 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија14 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија15 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија16 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет17 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија17 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет17 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија18 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет18 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...