Скопје
Општина Илинден го донесе Буџетот за 2015 година
Советот на Општина Илинден го донесе Буџетот за 2015 година, кој што изнесува 459 милиони денари (околу 7,4 милиони евра), што претставува најголем буџет од основањето на Општината.
Основниот буџет за 2015 година главно го сочинуваат капиталните инвестиции кои што изнесуваат 63 отсто од вкупните расходи, што ја отсликува развојната компонента на Општина Илинден, се вели во соопштението на локалната самоуправа.
Капиталните инвестиции ќе бидат наменети за изградба, санација и реконструкција на локалната патна инфраструктура, изградба на патна инфраструктура во локалните економски зони, потоа изградба на фекална канализација за зафаќање, третман и одведување на отпадни води и систем за зафаќање и одведување на атмосферски води, проширување на детската градинка, изградба на објект за амбуланата во Миладиновци,
„Изградба и реконструкција на 10 мостови“, модернизација, доградба и реконструкција на основните училишта, проект „10 Домови на Култура“ и уредување на просторот околу домот на култура во „Илинден“, изградба на парк – „галерија на отворено“, изградба на прешачко –рекреативни патеки и повеќенаменски игралишта, проширување на уличното осветлување…
Планираните извори на приходи од кои ќе се финансираат расходите на Општина Илинден во Буџетот за 2015 година се во најголем дел oд сопствените извори на финансирање, што претставува 64 % од вкупните приходи на општината.
Во креирањето на Буџетот на Општина Илинден применет е партиципативниот принцип на учество на граѓаните
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.