Скопје
По 30 години реконструирана улицата „Костурски херои“
Општина Центар целосно ја реконструираше улицата „Костурски Херои“ поранешна „29-ти ноември“.
Општина Центар целосно ја реконструираше улицата „Костурски Херои“ поранешна „29-ти ноември“.
По триесеттина години со нов лик е коловозот, санирани и преуредени се тротоарите и каблите на кабелските оператори се поставени под земја.
Главниот проблем за побрза санација и реконструкција на улицата настана поради високата кота на каналот за вреловодот и се направи замена на шахтите во должина од 100 метри и нивелирање на сите шахти за водовод и канализација.
За реконструкцијата општина Центар од буџетот одвои седум милиони денари. крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека, денеска без вода ќе биде дел од општина Центар.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата 50-та Дивизија бр. 35, од 10:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и улицата Димче Мирчев во општина Центар.
Скопје
Дел од општина Карпош без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од општина Карпош.
Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од улицата Никола Парапунов бр. 1 (јужната кула кај стара телевизија) и бр. 11 (зградата спроти бурекџилница Сараево) во општина Карпош ќе останат без струја.
Скопје
Град Скопје: Почна реконструкцијата на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар
Град Скопје почна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар. Ова е еден од објектите чија реконструкција се реализира во рамките на проектот за санација на 36 моста, надвозници и пешачки натпатници, кои се во надлежност на Град Скопје, велат од таму.
Појаснуваат дека некои од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, огради, пешачки и велосипедски патеки, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
„Со системско следење на надлежностите, ќе се постигнат позитивни резултат, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување. Реконструкцијата на пешачкиот мост се реализира на децениско барање на граѓаните, кои секојдневно го користат, а градежните работи ги изведуваат екипите на скопското јавно претпријатие ‘Улици и патишта’“, потенцираат од Град Скопје.