Контакт

Скопје

Почна процес на дезинфекција на исчистените домови во Општина Аеродром

Објавено пред

Почна процес на дезинфекција на исчистените домови во Општина Аеродром, кои беа зафатени од катастрофалната поплава.

Во соработка со Институтот за јавно здравје, екипите за дезинфекција во четврток почнаа од улицата „Божин Николов“ во Горно Лисиче, а потоа ќе продолжат и на улицата „Мите Богоевски“ во населбата Лисиче, како и на други локации каде се веќе отстранети калта, водата и оштетената покуќнина. /крај/со/ст

Македонија

Kампања за заштита од поплави во Бутел

Објавено пред

Во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, одржаа прес-конференција по повод кампањата за намалување на заканата и заштитата од поплави, под мотото: ,,Иднината им припаѓа на оние што се подготвени”.

Директорот Џаферовски изјави дека дирекцијата изготвила флаери и два документарни филма за превенција од поплави кои од утре ќе бидат прикажувани во сите основни училишта на територија на општина Бутел.

Грдаоначалникот Смилевски посочи дека едукацијата на младите е од исклучителна важност и затоа се предвидени предавања за сите ученици од основните училишта во општината. Сепак, додаде градоначалникот, ние, возрасните и институциите, треба да направиме сè што можеме  да не дојде до поплава. Денеска на пазарот и трговскиот центар во Бутел 1 се делеа флаери на граѓаните од општина Бутел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Крводарителска акција во Кисела Вода

Објавено пред

Во големата сала на Општина Кисела Вода во тек е голема крводарителска акција. Досега голем број хумани граѓани и вработени во Општината ја покажаа својата хуманост, дарувајќи крв со цел да спасат нечиј живот.

Акцијата ја организираат Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвен крст – Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија – Скопје.Локалната самоуправа уште еднаш ги повикува сите хумани граѓани кои се можност да даруваат крв. Акцијата ќе се одвива до 15 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Град Скопје засади нов дрворед во Ѓорче Петров

Објавено пред

Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје денеска продолжува со засадување нов дрворед по должината на улицата Ѓорче Петров, соопшти Град Скопје.

„По добиените информации за подземните инсталации од повеќе институции, како што се ЕВН, БЕГ, ЈП ‘Водовод и канализација’, МВР и други оператори, Градот Скопје со јавните претпријатија ‘Улици и патишта’ и ‘Паркови и зеленило’ денеска засадуваa нов дрворед во Ѓорче Петров. На потегот од раскрсницата што води кон болницата ‘Санте плус’, па до бензинската пумпа на Макпетрол, од двете страни на улицата ќе бидат засадени 70 дрвја од видот јасен. Сите дрвја што ги садиме наскоро ќе ги добијат имињата на новородените деца во градот, како дел од проектот ‘Дрво за секое дете’“ рече портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.

Oваа есенска акција за обновување на дрворедите и за подигање нови дрвореди Градот ја спроведува во соработка со сите скопски општини кои учествуваат со механизација и садници.

„Продолжуваме со обновување на загубеното зеленило во сите општини во градот. Им обезбедуваме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која директно влијае врз здравјето на граѓаните“, нагласи Салиху.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Штрајкот прекинат, затворениците ќе преговараат со Владата за амнестија

Затворениците што издржуваат казна во затворот „Идризово“ од утрово го прекинаа штрајкот со глад. Директорот на „Идризово“, Боби Мојсоски, вели...

Македонија2 часа

(Видео) Дебата: Секоја амнестија и насока за менување на обвинението е упад во правосудството

Секоја амнестија или аболиција претставува упад, односно мешање во судската власт бидејќи законите се обврзувачки за Обвинителството и за судствто,...

Македонија4 часа

(Видео) Анкета: Што ви значи датумот 27 април?

„27 април е обичен ден, мислам дека не е празник“, „ме асоцира на крв и насилство“, „фингирана партиска работа“, се...

Македонија4 часа

Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

До 20 декември „Транспаренси интернешнал – Македонија“ треба да ја заврши проценката на ризик за четирите компании добитници на грантови...

Македонија6 часа

(Видео) Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа на Клиничкиот центар

Здравствените работници ја блокираа наплатната рампа во Клиничкиот центар од 10 до 10:30 часот и не им дозволуваа да наплаќаат...

Европа6 часа

Захарова: Ќе се одмаздиме ако Киев не обезбеди сигурност за руските дипломати

Москва ќе преземе мерки и ќе се одмаздиме доколку Киев не обезбеди целосна сигурност и безбедност на руските дипломати во...

Екологија7 часа

(Видео) „О2 иницијатива“: Зошто нема казни за бурето со оган пред Собрание?

„Никогаш нема од нас да биде држава за почит со ваков однос. Се пали на отворено пред Собрание на Република...

Македонија7 часа

Папата ќе ја посети Македонија во мај

Македонската Влада и Ватикан соопштија дека папата Франциск ќе допатува во Македонија на 7 мај следната година.  Претходно, минатиот месец...

Крвав четврток7 часа

Отец Пимен: Ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не му била намерата да влезе во Собранието

,,Еден ден по 27 април Богдан ми се исповеда дека не било намерата да се влезе во Собранието”, рече отец...

Македонија8 часа

Во УБК билe следени телeфоните и на сопругата и братот на Мијалков

На денешното рочиште за предметот за масовното прислушување, „Таргет – Тврдина” продолжи да сведочи ексвработениот инеженер во МВР, Ѓоко Лазаревски....

Европа9 часа

Нов дипломатски скандал поради руски шпион

По одлуката на словачките власти за протерување руски дипломат од земјата, Москва реагираше со реципрочна мерка, објави „Спутник“. Минатата недела...

Европа9 часа

Меј: Ќе продолжам со мојата мисија за реализација на брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, по синоќешното гласање изјави дека сега ќе продолжи со својата „обновена мисија” да ја извади Велика...

Свет9 часа

Уште еден Канаѓанец исчезна во Кина

Канада соопшти дека се обидува да стапи во контакт со нејзин државјанин во Кина, кој исто така бил испитуван од...

Европа10 часа

Издадена потерница по напаѓачот од Стразбур, според полицијата, станува збор за исклучително опасна личност

Француската полиција издаде потерница по 29-годишниот Шериф Чекат, кој е осомничен за нападот на божиќниот панаѓур во Стразбур. Тој во...

Свет10 часа

(Видео) Воз излета од шините во Турција – девет мртви и 46 повредени

Деветмина патници загинаа, а 46 се повредени кога брзиот воз на линијата Анкара – Конја се судрил во машина за...

Македонија23 часа

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет24 часа

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски1 ден

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија1 ден

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Досие