Скопје
Почувствуван земјотрес во скопско
Во вторник вечер, во Скопје, бил почувствуван слаб земјотрес од 2,5 степени, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Во вторник вечер, во Скопје, бил почувствуван слаб земјотрес од 2,5 степени, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера, во 22.18 часот, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје и е со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала.
Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во југоисточните делови од Скопје со интензитет од III степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Шуто Оризари, Кисела Вода, Гази Баба и Чучер Сандево.
· од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од улиците: Брсјачка Буна и Пелагонија. (Општина Шуто Оризари)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од село Усје. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Пржино и Пандо Кљашев. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 1 во с. Црешево, поточно објектите на патот кон с. Смиљковци. (Општина Гази Баба)
· од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од делови од улиците: Македонско Косовска Бригада и Шуто Оризари. (Општина Шуто Оризари)
· од 12:30 до 13:30 часот, корисниците од селата: Кучевиште, Побожје, Бродец, Малино, Танушевци и Брест. (Општина Чучер Сандево)