Скопје
Поддршка од ЛиДеМ за „Коноп Фест 2015“ за легализација на марихуаната
Либерално-демократската младина изразува целосна поддршка до организаторите и учесниците на овогодинешниот “Коноп Фест 2015“, кој се одржува на Градската Плажа „Парк“, во недела од 10 часот.
Либерално-демократската младина изразува целосна поддршка до организаторите и учесниците на овогодинешниот “Коноп Фест 2015“, кој се одржува на Градската Плажа „Парк“, во недела од 10 часот.
„Раководството на Либерално-демократската младина, заедно со членството и симпатизерите цврсто застанува зад идејата на пораката на организаторите со со која од надлежните се бара легализација (декриминализација) на употребата на канабисот во медицински цели. Се’ поголемиот тренд, на регионално, европско и светско ниво за легализација на канабисот, како алтернатива на хемиските супстанци, како и медицинскиот бенефит од истото растение е евидентно и ЛиДеМ апелира до властите сериозно да пристапат кон проучување и реализација на горенаведеното“,се вели во соопштението.
Според Либерално-демократската младина, економските, медицинските и социјалните импликации на употребата на канабисот во медицински цели се лесно воочливи од досегашните примери, како во Европа, така и во светот, а се’ почесто сме сведоци и на вакви иницијативи кои доаѓаат од републиките кои се наоѓаат на балканскиот полуостров.
Либерално-демократската младина посакува успешен и продуктивен “Коноп Фест 2015“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.