Скопје
Прогласени најдобрите трговски објекти во Скопје за 2015
Град Скопје им додели плакети на најдобрите трговски објекти во 7 категории, избрани на манифестација „Месец на трговијата“, проект што Градот го реализира во соработка со Агенцијата SWAT Research.
Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, односно SWOT RESEARCH преку својата мрежа на тајни купувачи ги оцени трговските објекти според примарните критериуми, како што се: изгледот и пристапот до објектот, снабденост со стока, аранжирање на просторот, услуга на персоналот, помош при изборот на производот, хигиена пред и во објектот, начинот на плаќање, начинот на истакнување на цените на производите, состојба на опремата и на униформите, а годинава за првпат се вметна во една од категориите и насмевката, и според оценките избрани се најдобрите три трговски објекти во повеќе дејности, кои ќе добијат признанија за својот квалитет и престиж.
Во рамки на проектот се спроведуваат вкупно 900 посети на тајните купувачи во месец ноември и тоа по три посети на еден објект, во сите седум категории трговски објекти, а годинешни добитници по категории се:
Бутици
1. Пјер Карден
2. Гант
3. Lapin house
Супермаркети
1. Тинекс
2. Рептил Маркет
3.Гранап
Салони за мебел
1. Леснина Ми
2.Стиллес
3.Мебломак
Парфимерии и козметика
1.L OCCITANE
2. Ри-Ма
3. ДМ дрогерија
Модни додатоци и накит
1. Сигма
2. Тесоро
3. Сваровски
Компјутерска, аудио-видео и телекомуникациска опрема
1. Сони Галерија
2. Неоком
3. Телеком продавница
Апарати за домаќинство и се за дома
1. Агротехна
2. Горење
3. Нептун
Резултатите од истражувањето секоја година јавно се презентираат пред добитниците и трговците во форма на заклучоци, но и како препораки за во иднина, а врз основа на добиените резултатите од истражувањето, се избираат и три најдобри трговски објекти од секоја категорија. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Шуто Оризари, Кисела Вода, Гази Баба и Чучер Сандево.
· од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од улиците: Брсјачка Буна и Пелагонија. (Општина Шуто Оризари)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од село Усје. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Пржино и Пандо Кљашев. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 1 во с. Црешево, поточно објектите на патот кон с. Смиљковци. (Општина Гази Баба)
· од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од делови од улиците: Македонско Косовска Бригада и Шуто Оризари. (Општина Шуто Оризари)
· од 12:30 до 13:30 часот, корисниците од селата: Кучевиште, Побожје, Бродец, Малино, Танушевци и Брест. (Општина Чучер Сандево)