Скопје
Прв до врв 2016 – на врвот музички еко фестивал
Под мотото “сите на Водно”, во недела ќе се одржи ПРВ ДО ВРВ 2016, најмасовниот планински настан во Македонија.
Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и олимпискиот пикник на целта кај врвот, каде ќе се одржи музичкиот еко фестивал.Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.На врвот од 11 часот ќе започне еко музичкиот фестивал каде ќе настапат групата Бета Хаус, Слаткаристика и DJ Гоце САФ. Во 13 часот ќе се одржи церемонијата на прогласување победници, а настанот ќе трае до 16 часот.Сите пријавени учесници можат да ги подигнат своите стартни пакети во петок и сабота на плоштадот Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови истото ќе можат да го сторат и во недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната заедница. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.