Контакт

Скопје

Пуштен во употреба нов кружен тек во Скопје

Објавено пред

Новиот кружен тек меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец во вторник официјално беше пуштен во употреба.

dobivaj vesti na viber

Ова ново сообраќајно решение придонесе да се зголеми безбедноста во сообраќајот од Автокоманда кон Железара, а просторот доби целосно нов и уреден лик. „На местото на постојната крстосница меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец беше формиран кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри. Во самиот кружен тек се формирани 2 сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри. Извршена е и реконструкција на коловозот на улицата 16.Македонска бригада, на должина од 390 метри, како и на дел од улицата Коце Металец, на должина од 240 метри. Околу кружниот тек и на влезните улици е уреден нов тротоар со ширина од 3 метри и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри, покриена со бекатон-плочки. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек е изградена атмосферска канализација со Ф 600 милиметри и Ф 400 милиметри, на вкупна должина од 634 метри.  Во текот на градежните работи е извршена заштита на гасоводната цевка, а поставена е и нова водоводна мрежа со Ф 200 милиметри, на должина од 52 метри“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски.На кружениот тек е поставено и ново  улично осветлување, со 35 столба со висина од  8 метри и 39 светилки со моќност од 250 вати. Во средишниот дел на кружниот тек и од страните уредена е вкупна зелена површина од 11.800 квадратни метри. Во зеленилото е поставен систем за полевање со 34 прскалки, 22 хидранти, 13 шахти и 4 шахти за систем капка по капка. Во кошницата што го краси кружниот тек и околу неа се засадени околу 10.000 цвеќиња, а уредувањето на зелените површини го извршија екипи на ЈП „Паркови и зеленило“. Вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек меѓу улиците 16. Македонска бригада и Коце Металец изнесува околу 53,6 милиони денари. /крај/мф/ст

Извор: Град Скопје



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје

ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Објавено пред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

dobivaj vesti na viber

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Скопје

Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.

dobivaj vesti na viber

· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);

· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);

· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);

· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);

· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);

· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Скопје

Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

Објавено пред

ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.

ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште

Пратениците во американската сојузна држава Тенеси усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат...

Регион20 минути

Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет58 минути

Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Свет60 минути

Стотици мртви во масовни гробници во Газа, меѓу нив жени и стари лица, некои со врзани раце

Палестинските тимови за цивилна заштита започнаа со ексхумација на тела од масовна гробница пред болничкиот комплекс Насер во Кан Јунис...

Македонија2 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион2 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет2 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ2 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија2 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија18 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија18 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија21 час

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија22 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија24 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет1 ден

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија1 ден

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет1 ден

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија1 ден

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет1 ден

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....