Скопје
Работилница за утврдување на идниот модел за финансирање на станицата за третман на отпадни води
Работилница за утврдување на идниот модел за финансирање на станицата за третман на отпадни води во Град Скопје, се одржа во петок во просториите на Град Скопје.
„Оваа работилница е од исклучителна важност за финализација на проектот на идната станица за третман на отпадни води од една страна и определувањето на оптималниот финансиски модел за реализација на проектот од друга страна. Изградбата на пречистителна станица за отпадни води за Скопје е еден од најважните и најголемите проекти за Скопје“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој појасни дека самата подготвителна фаза опфаќа и активности на дооформување на фекалната и атмосферска канализација во градот и подготовка на инсталациите што подлежат на интегрирани еколошки дозволи и елаборати за заштита на животната средина за постигнување на потребниот квалитет на отпадните стопански води. „Денешната работилницата ќе се фокусира на оние прашања кои влијаат на успешното интегрирање на буџетските средства како на национално, така и на локално ниво, приватните фондови, заемите на меѓународните финансиски институции како и можното финансирање од страна на Eвропската комисија преку ИПА фондовите“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети во воведното обраќање. На работилницата беа претставени и можните модели на Јавно приватно партнерство (ЈПП) кои најчесто се применуваат за проекти кои се однесуваат на изградба на станици за третман на отпадни води, како и анализа на ризиците за секој предложен модел на ЈПП. Целта е да се избере модел кој обезбедува најповолна услуга со поголем квалитет, а со намалени трошоци во споредба со услугата која би била обезбедена од страна на јавниот сектор. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Едукативен мото настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“.
На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица.
„Низ дружење со претставници и членови од мото клубови, автошколи и здруженија ќе се изврши едукација за безбедно возење во и надвор од урбани средини, за брзината како фактор за општа безбедност и за намалувањето на загаденоста на воздухот преку користење на електрични превозни средства“, велат од општина Кисела Вода.
Скопје
Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари.
„Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. Успеавме со клубот од невозможно да направиме возможно. Клубот којшто го начекавме пред две години на 10то место со 4-5 неисплатени плати и долг од 600 000 евра да го вратиме на победничките патеки. Важно е што во моментов табелата трепка што сме на прво место и се надевам дека тоа така ќе остане и до крај. Јас верувам дека ќе имаме успех оваа сезона и уште поголем успех следната“, им порача Герасимовски на кошаркарите.
При средбата Герасимовски ги извести играчите дека општина Центар го има имотниот лист на салата и успеа да го исполни ветувањето дека ќе ја врати сопственоста на салата под ингеренции на општината.
Општина Центар на крајот на минатата година доби финансиски средства од Владата во вредност од 30 милиони денари наменети за реконструкција на салата, при што Герасимовски ги информираше играчите со процесот и проект планот кој е веќе во изработка за реновирање на матичната сала на Работнички. Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки, ви благодарам за тоа, порача Герасимовски.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.