Контакт

Скопје

Се чисти по големите поплави, отворени повеќе пунктови за помош

Објавено пред

Екипите на штабот за заштита и спасување и во вторник делуваа на терен со сета расположлива човечка сила и механизација на терен во насока на расчистување на последиците предизвикани од големото невреме кое го зафати Скопје.

dobivaj vesti na viber

Вода за пиење од цистерни и флаширана вода редовно се доставува со сите пунктови во населените места од територијата на Општина Гази Баба кои беа најмногу погодени од невремето, а со механизација (цистерни и пумпи) се црпеше вода од поплавените дворови и куќи. Дополнително, отворени се пунктови за помош на настраданите во основните училишта „25 Мај“ и „Наум Наумовски-Борче“, информираат од Град Скопје.На терен се и екипи од Црвен крст, АРМ како и голем број на волонтери кои им помагаат на граѓаните и помагаат во дистрибуцијата на помошта. Градоначалникот Коце Трајановски во просториите на ОУ „Дане Крапчев“ одржа координативен состанок со претставници од армијата, Дирекцијата за заштита и спасување и со претставници од месните заедници од овие скопски села. Трајановски, заедно со поголем број на министри во Владата, посетија поголем број на населени места како се нанесени поголеми штети од невремето, како населените места Инџиково, Црешево, Смилковци, Виниче и Страчинци во Општина Гази Баба, Горно Лисиче во Општина Аеродром и Волково во Општина Ѓорче Петров. Во повисоките населени места во Гази Баба, Виниче, Црешево и Страчинци, поројните дождови предизвикаа голема материјална штета, пред се на патната инфраструктура.На овие средби жителите ги посочија местата каде треба приоритетно да се интервенира.За потсетување, Советот на Град Скопје донесе Одлуката за давање парична помош на настраданите од невремето на подрачјето на градот Скопје. Со оваа одлука Градот Скопје, како израз на солидарност за настраданите од невремето кое го зафати подрачјето на градот Скопје, на семејствата на починатите им доделува парична помош во износ од 180.000 денари, за секој починат член од семејството./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Герасимовски: Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Објавено пред

Нов сквер ќе го разубави платото пред Општина Центар. Станува збор за поставување комунална урбана, т.н. „урбан атрактор“на платото на аголот од улицата „Михаил Цоков “ и улицата „Орце Николов“ пред Општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Оваа опрема има за цел да го збогати јавниот простор со урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, зеленило и паркинг за велосипеди. Градежните работи за ново планираната инсталација „урбан атрактор“ се започнати и тој ќе се протега на површина од 56 метри квадратни.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вели дека новиот сквер ќе го оживее просторот и ќе биде ново збирно место за одмор и дружба.

„Мило ми е што Дебар Маало добива ново урбано катче за граѓаните. Урбаниот елемент на новиот сквер ќе има модерна конструкција, а во неа ќе има урбана опрема за релаксација и одмор на граѓаните од секојдневието. Ова ќе биде простор каде граѓаните ќе можат да одморат, да се социјализираат или да ги паркираат своите велосипеди додека ги завршуваат обврските во околината. Верувам дека ова футуристичко урбано издание ќе го збогати Центар и ќе биде позитивно препознаено од граѓаните“, вели Герасимовски“, вели Герасимовски.

„Урбаниот атрактор“ Општина Центар го добива како донација од Стопанска банка. Истиот ќе биде осветлен и ќе има информативна табла за корисниците на овој урбан елемент. Општина Центар ќе продолжи да работи на нови естетски уредувања и нови проекти за граѓаните.

Прикажи повеќе...

Скопје

Без вода дел од Карпош

Објавено пред

ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на улицата Ристо Равановски бр.12, без вода ќе останат корисниците од улиците Ристо Равановски и Атинска во општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

Прикажи повеќе...

Скопје

Без струја утре дел од општините Петровец и Зелениково

Објавено пред

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови во општините Петровец и Зелениково.

dobivaj vesti na viber

· Во период од 08,45 до 14,30 часот село Кожле, пумпна станица за водоснабдување и село Бадар во општина Петровец;

· Од 12 до 15 часот дел од селото Орешани во општина Зелениково, а во период од 09 до 11 часот корисниците на село Градовци во општина Зелениково.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија1 час

Со нова систематизација Синдикатот на Македонска пошта сам ќе ги укине вработените кои не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на Македонска пошта во соработка со вработените и со ангажирање експерти ќе подготви нова систематизација која ќе ја достави...

Македонија2 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија3 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион4 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет4 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет5 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион5 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија14 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија15 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија22 часа

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија22 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија23 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија24 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ1 ден

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...