Скопје
Се приближува стартот на најголемата спортска манифестација во Скопје
„Ако сакаш да трчаш, истрачај милја. Ако сакаш да искусиш поразличен живот, трчај на маратон“, рече своевремено познатиот тркач на долги патеки, Емил Затопек од Чешка, добитник на три златни медала во 1952 на летната Олимпијада во Хелсинки.
„Ако сакаш да трчаш, истрачај милја. Ако сакаш да искусиш поразличен живот, трчај на маратон“, рече своевремено познатиот тркач на долги патеки, Емил Затопек од Чешка, добитник на три златни медала во 1952 на летната Олимпијада во Хелсинки.
Оваа мисла не е далеку од вистината, бидејќи како што се доближува 8-ми мај, денот за кога е закажана најпознатата спортска маниестација низ скопските улици, така бројот на пријавени учесници на Виз Ер Скопскиот Маратон постојано се зголемува. Според бројот на пријавените учесници досега, организаторите на Виз Ер Скопски Маратон 2016, најавуваат дека годинешното издание ќе биде најмасовно досега.
„Веќе имаме повеќе од 6.000 пријавени натпреварувачи и вљубеници во трчањето од повеќе од 45 земји во светот за стандардните трки – маратонот (42.195км), полумаратонот (21.097км) како и трката на 5 километри, кои и оваа година се главно обележје на маратонот. Не помалку голема е заинтересираноста за штафетниот маратон. Пријавувањето трае до 29-ти април, или додека не се пополнат квотите. Би сакал да ги повикам и потсетам сите заинтерсирани и љубители на активниот начин на живот, сите спортски рекреативци, како и професионални спортисти и атлетичари, да ја искористат последната шанса за пријавување на оваа голема спортска манифестација и да бидат дел од најмасовниот маратон во Скопје. Како и до сега, пријавувањето се одвива на официјалната страница на маратонот“, рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопскиот Маратон.
Сите пријавени учесници ќе имаат единствена можност да ги подигнат своите стартни пакети на 6-ти и 7-ми мај од 10:00 до 19:00 часот во холот на Конгресен центар „Александар Македонски“ во Скопје, поранешна Универзална Сала.
Насловниот спонзор, Wizz Air, како на сите учесници ќе им додели вредносен ваучер од 20 евра, кој ќе може да се искористи за купување на билет за било кој лет со кои оперира оваа авионска компанија од и до Скопје.
Дванаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје, Мисијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Маратонот се одржува на 8-ми мај по повод Денот на Европа./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.