Скопје
„Скопје 1963 – пред и потоа“ изложба по повод 52 години од земјотресот

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
„Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во коишто жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом. За среќа, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана. Набргу по трагедијата, во време на веројатно наголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани.Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани“, рече градоначалникот Трајановски.Според Трајановски, имајќи предвид дека низ долгата своја историја Скопје имал неколку нови почетоци и секогаш скопјани упорно работеле на опстојувањето и градењето на родниот град, дожноста е на оваа и на сите идни градски управи да дава свој придонес кон функционалноста и естетиката на градот во којшто живеат и работат стотици илјади жители на Скопје.На изложбата преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој на градот и на одбраниот материјал е прикажано централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Односно избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје; и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје. Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија, кој се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Повеќе години, односно до своето пензионирање бил уредник на фотографија во НИН, а од 1993 година работи како слободен уметник. Добитник е на големброј домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград, Србија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Блесна новогодишната елка во Скопје

Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот Македонија и отворањето на новогодишниот базар „Винтерленд“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје.
На почетокот на новогодишниот базар присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов, а празничната атмосфера беше збогатена со детска претстава проследена со новогодишни и божикни песни.
„Имавме спектакуларно светнување на новогодишната елка, што првпат го гледаме во нашиот град. Бидејќи ни претстојат денови исполнети со многу радост и среќа, ве повикувам да го посетите ‘Винтерленд’ и да уживате во богатата и разновидна програма секоја вечер за сите возрасти. На скопјани им посакувам убави новогодишни празнувања“, изјави Шилегов на отворањето на новогодишниот базар.
Новогодишните куќички на „Винтерленд“ се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот, а новогодишната програма ќе трае 25 дена – од отворањето на базарот, па сè до 31 декември, до пречекот на Новата 2020 година. Во близина на куќичките ќе биде сместена и мала сцена, на која секојдневно ќе се организираат настани, кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. На овој простор ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер.
Во работните денови секој ден ќе има 2 часа детска програма, која ќе почнува околу 16 часот, а подоцна ќе има 3 часа програма за возрасни. За време на викендите е планирана целодневна програма, која ќе почнува точно напладне.
Град Скопје ги поканува граѓаните да го посетат „Винтерленд“ и сите заедно да ја доживеат новогодишната атмосфера организирана по примерот на другите европски плоштади.
Македонија
Град Скопје: Борбата за чиста животна средина е наш приоритет

Во пресрет на граѓанскиот протест закажан за утре во врска со загадувањето што потекнува од депонијата во Ѓорче Петров, Град Скопје сака да ги увери граѓаните дека борбата за здрава и чиста животна средина е приоритет на градската администрација. Од Градот преку соопштение нагласуваат дека на ова прашање се работи секојдневно – и во сезоната кога има загадување, но и во сезоната кога нема.
„Во буџетот на Град Скопје за 2020 година, кој е во подготовка, се одвоени средства за чистење неколку поголеми диви депонии во градот, а меѓу нив е и расчистувањето на депонијата во Ѓорче Петров. Оваа депонија со децении ги загадува и нагрдува околните населени места, но со планираните активности екипите на Град Скопје ќе го расчистат натрупаното ѓубре, а просторот ќе го облагородат“, додаваат од прес-службата на Градот.
Тие уверуваат дека континуирано се спроведуваат акции за чистење на јавните површини, како и за расчистување на дивите депонии.
„Само за илустрација, за две години, за периодот ноември 2017 – ноември 2019 година, од дивите депонии во градот е расчистен отпад од 12.666 кубни метри. Инспекторите и комуналните редари на Град Скопје во последните две години ги засилија контролите на терен, што резултира со зголемување на казните и опомените и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години. Така, во јули годинава беше поднесена првата кривична пријава во историјата на Скопје за неовластено фрлање смет, со што Град Скопје ја потврди заложбата за почиста и поздрава животна средина. Во овој случај стануваше збор за лице фатено на самото место, на улицата Александар Урдаревски во општина Бутел“, додаваат од Град Скопје.
Борбата за поздрава и почиста средина, како што велат, е процес што трае без прекин и во неа треба да бидат вклучени и надлежните институции, но и граѓаните со своето одговорно однесување. Само заедно, со заеднички напори, може да ги достигнеме стандардите кон кои сите тежнееме, а граѓаните да го остварат своето право на чиста и здрава средина.
Македонија
Oтворена новата библиотека во ОУ „Киро Глигоров“ во Центар

Во новото основно училиште „Киро Глигоров“ во општина Центар денеска беше отворена новата училишна библиотека.
Со мал, пригоден настан, издавачката куќа „Просветно дело“, која ги издава детските списанија „Росица“, „Другарче“ и „Развигор“, во библиотеката донираше над 100 наслови за детска литература.
Во склоп на отворањето на читалната на кое учествуваше и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, учениците од основното училиште имаа можност да присуствуваат на пет книжевни работилници, а на нив учениците твореа и работеа и со домашните писатели за деца Ванчо Полазаревски, Наум Попески, Ксенија Трајчева, како и со поетесата Вера Андон.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци