Контакт

Скопје

„Скопје 1963 – пред и потоа“ изложба по повод 52 години од земјотресот

Објавено пред

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
 

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.

 

„Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во коишто жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом. За среќа, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана. Набргу по трагедијата, во време на веројатно наголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани.Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани“, рече градоначалникот Трајановски.Според Трајановски, имајќи предвид дека низ долгата своја историја Скопје  имал неколку нови почетоци и секогаш скопјани упорно работеле на опстојувањето и градењето на родниот град, дожноста е на оваа и на сите идни градски управи да дава свој придонес кон функционалноста и естетиката на градот во којшто живеат и работат стотици илјади жители на Скопје.На  изложбата  преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој  на градот и на  одбраниот материјал е  прикажано  централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Односно избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје; и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје. Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија, кој се  занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија.  Повеќе години, односно до своето пензионирање бил уредник на фотографија во НИН, а од 1993 година работи како слободен уметник. Добитник е на големброј домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград, Србија./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Објавено пред

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на јавна површина, во населеното место Бардовци. Инспекциските служби на Општина Карпош вчера го санкционираа ова лице кое беше забележано како фрла отпадни води од превозно средство, со што придонесува во загадување на животната средина.

„Ве известуваме дека Општина Карпош ги интензивираше инспекциските контроли. Континуирано се врши надзор кај затворените депонии во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), во Бардовци (по должина на реката Лепенец), по течението на реката Вардар и на други покритични, јавни површини.

Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат правилата и правилно да го одлагаат отпадот. Општина Карпош спроведува и информативна кампања за правилно фрлање на комуналниот, џебниот, кабастиот, електричниот и електронскиот отпад. На овој линк граѓаните можат да се информираат: https://bit.ly/2RjmSN8 “, соопшти Општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворен нов дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години

Објавено пред

Градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, и претставници од Црвениот крст на Град Скопје денеска отворија Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години, што е сместен на улицата Пролет, број 39, до „Веро џамбо“.

„Отворањето на Центарот за возрасни лица со попреченост го гледам како голем чекор напред во оваа сфера на дејствување. Активното учество на локалната заедница во обезбедувањето поквалитетен живот за сите наши сограѓани е клучно за развој на целата заедница. Градот Скопје во изминатиот период активно работеше на полето на социјалната заштита при што интензивно се вклучува и во процесот на деинституционализација кој е исклучително важен за овие граѓани. Обезбедивме 24-часовна нега од негуватели за лицата сместени во мал групен дом во Скопје. Овозможивме помош и нега во домот за лица со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки од мултидисциплинарен тим кој е составен од доктор специјалист по семејна медицина, медицинска сестра, физиотерапевт, социјален работник, психолог, дефектолог и негуватели. Го поддржавме функционирањето на Центарот за лица со Даунов синдром. Овозможуваме услови за ангажирање помагатели на ранливи целни групи меѓу кои се и лицата со попреченост. Во соработка со Црвениот крст на Град Скопје годинава ангажиравме 12 помагатели да работат со 25 корисници од Скопје обезбедувајќи им ја негата и грижата која им е потребна. Очекуваме дека оваа активност ќе биде со зголемен обем во наредната година. Ова се само дел од нашите заложби да ја поддржиме и унапредиме деинституционализацијата во нашиот град, за да ја подигнеме свеста кај сите нас за значењето на еднаквоста во живеењето“, рече Шилегов.

Тој упати апел до сите општини во градот да го следат примерот на Општина Центар и на Црвениот крст и колку што можат поактивно да работат на полето на социјалната заштита, за Скопје да стане поудобно место за живеење за сите, без исклучоци. Шилегов им честита на избраните „волонтери на годината“ од Црвениот крст за желбата да се подаде рака на нашите сограѓани на кои им е потребна помош, за мотивот да се негува хуманоста и напорите кои ги вложуваат со цел да се унапреди инклузијата. Тој на наградените волонтери денеска им додели благодарници.

„Токму овие луѓе се најдобар пример како се гради хумано општество и како се сака околината во која живееме. Да продолжиме заедно и понатаму во борбата за едно похумано и поинклузивно Скопје, затоа што градот сме сите ние и затоа што успехот во достигнувањето на овие цели зависи од секој од нас“, нагласи Шилегов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Сите имаат право на поквалитетен живот

Објавено пред

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, 3 Декември, во Музеј на Град Скопје во организиција на граѓанската асоцијација „Цивил“ се одржа панел-дискусијата под наслов „Рампа“, посветена на (не)прифатеноста на лицата со посебни потреби во општеството, како и на процесите за деинституционализација и пристапноста до услугите од институциите на локално и на национално ниво.

Во дискусијата учествуваа Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Душан Томшиќ и Вангел Тркаљанов од Министерството за труд и социјална политика, Благица Димитровска од Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ од Куманово и Џабир Дерала од Цивил.

„Одбележувањето на овој ден е добра можност да се потсетиме дека Град Скопје во изминатиов период беше многу активен на полето на социјалната заштита. Во рамките на редовните активности продолживме и ја унапредивме долгогодишната поддршка на дневните центри кои работат со различна категорија на лица со попреченост како што се ‘Во мојот свет’, ‘Креатива Исток’, ‘Порака’ и уште неколку други. Продолживме и со бесплатниот јавен градски превоз и паркинг-услуги за лица со попречености, како и со финансиската поддршка на патувања низ земјата за здруженија на лица со попречености“, рече Шилегов.

Во текот на изминатите две години, посочи градоначалникот, Градот Скопје, освен редовните активности, реализира и многу нови активности во насока на подобрување на квалитетот на живот на лицата со попречености.

„Сакам да нагласам дека посветено работиме да им помогнеме на овие наши сограѓани , па така за првпат ангажиравме образовни асистенти за средношколците со посебни образовни потреби, обезбедивме стипендии за средношколците со попречености. Исто така, речиси во сите средни училишта каде што имаше можност обележавме паркинг за лицата со попреченост. На лицата со аутистичен спектар на однесување им овозможивме бесплатно користење на јавниот градски превоз. Тоа значи дека листата на корисници на привилегиран јавен градски превоз за лица со попречености се прошири дополнително и за лица со аутистичен спектар на однесување имајќи предвид дека се бележи пораст на оваа категорија на граѓани, особено кај младата популација“, кажа Шилегов.

Градот Скопје се приклучи на активностите на Министерството за труд и социјална политика во процесот на деинституционализација. Во таа насока го поддржува малиот групен дом во Скопје во кој се сместени лица од Заводот во Демир Капија. Преку Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори обезбедува 24-часовна грижа од негуватели за лицата сместени во домот. Исто така, обезбеди и помош и нега во домашни услови за лица со најтежок облик на интелектуална попреченост и комбинирани пречки од стручен тим составен од лекар специјалист по семејна медицина, медицинска сестра, физиотерапевт, социјален работник, психолог, дефектолог и негуватели.

„Овозможивме помагатели на ранливи целни групи меѓу кои се и лицата со попреченост. Во соработка со Црвениот крст на Град Скопје оваа година ангажиравме 12 помагатели да работат со 25 корисници од Скопје давајќи им ја негата и грижата што им е потребна. Финансиски го поддржавме отворањето на Дневниот центар за Даунов синдром и обезбедивме персонални асистенти кои работат со корисниците во домот. Во завршна фаза од изработка е и инклузивно игралиште во Бутел, кое треба да биде завршено овие денови, а паралелно се работи на инклузивно игралиште и во Карпош. Исто така, во завршна фаза на административните процедури е и проектот за отворање сензорна соба во градинката 11 Октомври во Радишани. На крај сакам да потенцирам дека продолжуваме со унапредувањето на социјалната заштита на нашите сограѓани. Овие две години покажавме дека успешната меѓуинституционална соработка е клучна за резултатите во секоја област. Оттука социјалната заштита останува високо на листата на приоритетите на градската администрација“, нагласи Шилегов.

Тој порача дека тргнувајќи од фактот дека Скопје е град за сите и сите имаме право на поквалитетен живот во средината во која живееме, Град Скопје во изминативе две години набави три нови возила за лица со попреченост; во Детскиот културен центар Карпош постави платформа за лица со попреченост со што се олеснува самостојно движење на лицата низ институцијата и во повеќе средни училишта се направени тоалети за лицата со попречености.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Французите излегоа на улиците – штрајкува целата земја, полицијата со солзавец кон демонстрантите

Во цела Франција синдикатите почнаа штрајк, кој се смета дека ќе биде еден од најголемите досега, а чија цел е...

Свет3 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија5 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија5 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија6 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија9 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура9 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион10 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет11 час

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија11 час

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет11 час

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт12 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа12 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет12 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет12 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион12 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија23 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија1 ден

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија1 ден

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Досие