Контакт

Скопје

„Скопје 1963 – пред и потоа“ изложба по повод 52 години од земјотресот

Објавено пред

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
 

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.

 

„Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во коишто жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом. За среќа, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана. Набргу по трагедијата, во време на веројатно наголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани.Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани“, рече градоначалникот Трајановски.Според Трајановски, имајќи предвид дека низ долгата своја историја Скопје  имал неколку нови почетоци и секогаш скопјани упорно работеле на опстојувањето и градењето на родниот град, дожноста е на оваа и на сите идни градски управи да дава свој придонес кон функционалноста и естетиката на градот во којшто живеат и работат стотици илјади жители на Скопје.На  изложбата  преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој  на градот и на  одбраниот материјал е  прикажано  централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Односно избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје; и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје. Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија, кој се  занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија.  Повеќе години, односно до своето пензионирање бил уредник на фотографија во НИН, а од 1993 година работи како слободен уметник. Добитник е на големброј домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград, Србија./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски: Со фотоволтаици во училиштата во Аеродром ја зголемуваме енергетската ефикасност

Објавено пред

Од денеска почнуваме со поставување фотоволтаици во сите осум основни училишта на територијата на општина Аеродром, изјави градоначалникот Тимчо Муцунски.

Според него, проектот ќе помогне за зголемена енергетска ефикасност.

„Имаме намера да продолжиме со реализација на овој проект да ги опфати сите градинки во идниот период, но исто така и на други јавни објекти што планираме да ги градиме на територијата на општина Аеродром, а кои се од капитално значење.

Истовремено, би сакал да ви кажам дека претходната недела потпишавме договор со Европската Унија, проект вреден над 800.000 евра во делот на селекција на отпад, каде што очекуваме дека Аеродром да стане пионер во областа на селекција на отпад и тоа е секако поддржано од страна на Европската Унија“, посочи градоначалникот на оваа скопска општина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стојкоски: Mодерна образовна инфраструктура и еднакви можности за образование на учениците

Објавено пред

Со цел подобрување на условите во образовните институции, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, посети шест основни и две подрачни училишта во општината.
Стојкоски разговараше со учениците, наставниот кадар, како и со директорите. Од нив доби информации за текот на наставата во време на пандемија, како и за ресурсите што им се потребни за непречен образовен процес.

„Неопходна е модерна образовна инфраструктура, еднакви можности за образование на сите ученици. Од разговорите ги дознав потребите на учениците и кадарот во училиштата. Бидејќи образованието е еден од приоритетите во моето раководење, ќе се вложува во него како во човечки така и во материјални капацитети. Сепак, станува збор за најмладите, тие се најважни“, смета Стојкоски.

Тој присуствуваше и на час по физичко образование. Според него, физичката активност на децата е важна и затоа се согласи со наставниците од основното училиште „Мирче Ацев“ дека треба да се обрнува внимание на овој сегмент од образованието.

На почетокот на својот мандат градоначалникот најави дека образованието ќе биде една од најзначајните сфери на чие подобрување интензивно ќе работи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови од Скопје

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 8 до 16 часот корисниците од улиците Јоаким Крчовски, Алберт Станиќ и Прохор Пчински, дел од корисниците од Старата чаршија, објектот на хотел „Буши“, како и дел од корисниците од улицата Самуилова (општина Центар);

– во периодот од 9 до 16 часот корисниците од улицата Орце Николов бр. 147, објектите на Агенцијата за станбен и деловен простор, ресторанот ДМ, корисниците од улицата Орце Николов на потегот од улицата Рузвелтова до улицата Донбас лоцирани на страната на ресторан ДМ и ПУИК, како и објектот на тобакото лоциран на крстосницата со улицата Рузвелтова (општина Центар).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Регистрирани 333 нови случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа. Направени се 2.547 тестирања,...

Македонија4 часа

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет5 часа

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија5 часа

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија6 часа

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет7 часа

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија1 ден

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија1 ден

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија1 ден

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија1 ден

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија1 ден

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија1 ден

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет1 ден

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет1 ден

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија1 ден

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија2 дена

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион2 дена

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија2 дена

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ2 дена

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Досие