Скопје
Ученици од Лондон во посета на Општина Аеродром
На покана на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, 11 најдобри ученици од збратимената Општина Вандсворт од Лондон, предводени од двајца наставници, допатуваа во петдневна посета на Општина Аеродром.
Станува збор за размена на ученици од двете општини, која како практика минатата година ја воспостави Општина Аеродром со намера таа да прерасне во традиција.Учениците од Лондон денеска присуствуваа на наставата во основните училишта во Општина Аеродром, каде имаа можност да се запознаат со своите врсници, како и со воспитно-образовниот систем, со наставните програми и со начинот на одржување на наставата. Инаку, групата ученици стигна во саботата во Општина Аеродром, каде беа сместени во семејствата на своите соученици. На тој начин имаа можност да дознаат повеќе за обичаите, навиките и начинот на живот во Македонија. Ова е, всушност, возвратна посета на учениците од Лондон откако минатата година Општина Аеродром ги испрати своите најдобри ученици на настава во училиштето Брнтвуд во Лондон.Се очекува дека посетата ќе ја зајакне соработката меѓу двете општини и ќе им овозможи размена на искуства и вредности меѓу учениците и стекнување нови другарчиња.Со цел ваквата практика да прерасне во традиција, Општина Аеродром и во иднина ќе организира посета на најдобрите ученици на Лондон и нивно учество во воспитно-образовниот процес во училиштата на збратимената лондонска општина. Најдобрите ученици од Општина Аеродром се планира да се испратат повторно во Лондон веќе во септември годинава, на самиот старт на новата учебна година.Амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Чарлс Герет, кој присуствуваше на средбата, го поздрави проектот на Општина Аеродром за размена на ученици со збратимената лондонска општина. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)