Скопје
Витези и принцези ќе го окупираат Скопје
Средновековниот период е возбудлив, исклучителен и мистериозен. Со карактеристичните замоци, витези, принцези, борби и чест претставува вистинска енигма и восхит како за децата така и за повозрасната публика.
Средновековниот период е возбудлив, исклучителен и мистериозен. Со карактеристичните замоци, витези, принцези, борби и чест претставува вистинска енигма и восхит како за децата така и за повозрасната публика.
Во претстојниот период, Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на „Детско кралство”, возбудлива бајка инспирирана од 11-ти век, која со својот автентичен изглед, приказна и случувања, никого нема да остави рамнодушен. Всушност, „Детско кралство“ е меѓународна интерактивна изложба за деца од 6 до 11 години и претставува симулација на животниот стил во средниот век.
Скопје Сити Мол ги повикува сите деца и родители, да го посетат трговскиот во периодот од 25-ти август до 15-ти септември, да доживеат едно комплетно ново искуство со повеќе забава и многу возбуда како никогаш досега.
Со посета на оваа интерактивна изложба децата ќе имаат можност да развиваат вештини како трпение, споделување, подобрување на спортскиот дух, да ги развиваат моторните вештини и вештините за слушање и концентрација./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)
Скопје
Санкционирани 229 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 229 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 15.04. до 21.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 106 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, се додава во соопштението на ПОЦ.
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Шуто Оризари, Кисела Вода, Гази Баба и Чучер Сандево.
· од 08:00 до 10:00 часот, корисниците од улиците: Брсјачка Буна и Пелагонија. (Општина Шуто Оризари)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од село Усје. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Пржино и Пандо Кљашев. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 1 во с. Црешево, поточно објектите на патот кон с. Смиљковци. (Општина Гази Баба)
· од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од делови од улиците: Македонско Косовска Бригада и Шуто Оризари. (Општина Шуто Оризари)
· од 12:30 до 13:30 часот, корисниците од селата: Кучевиште, Побожје, Бродец, Малино, Танушевци и Брест. (Општина Чучер Сандево)