Скопје
Во вторник повеќе улици во скопските општини ќе имаат прекин во снабдувањето со струја
По добиеното известување од ЕВН Македонија АД, РЦУК на Град Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро-мрежата на ден 01.11.2016 година ( вторник ), без електрична енергија ќе останат:
од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од ул. Серава и ул. Севастополска. ( општина Чаир )
од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Ново Село, поточно подулиците со бр. 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14, и 16. ( општина Ѓорче Петров )
од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од бул. Крушевска Република, ул. Мирче Ацев и ул. Цицо Поповиќ. ( општина Центар )
од 10:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. Скупи, поточно објектите во околината на куќниот бр. 1. ( општина Карпош )
од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Велешка и ул. Раде Јовчевски Корчагин. ( општина Центар )./крај/мф/
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека, денеска без вода ќе биде дел од општина Центар.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата 50-та Дивизија бр. 35, од 10:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и улицата Димче Мирчев во општина Центар.
Скопје
Дел од општина Карпош без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од општина Карпош.
Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од улицата Никола Парапунов бр. 1 (јужната кула кај стара телевизија) и бр. 11 (зградата спроти бурекџилница Сараево) во општина Карпош ќе останат без струја.
Скопје
Град Скопје: Почна реконструкцијата на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар
Град Скопје почна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар. Ова е еден од објектите чија реконструкција се реализира во рамките на проектот за санација на 36 моста, надвозници и пешачки натпатници, кои се во надлежност на Град Скопје, велат од таму.
Појаснуваат дека некои од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, огради, пешачки и велосипедски патеки, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.
„Со системско следење на надлежностите, ќе се постигнат позитивни резултат, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување. Реконструкцијата на пешачкиот мост се реализира на децениско барање на граѓаните, кои секојдневно го користат, а градежните работи ги изведуваат екипите на скопското јавно претпријатие ‘Улици и патишта’“, потенцираат од Град Скопје.