Скопје
Започнаа градежните активности за подобрување на атмосферската мрежа во Скопје
Градоначалникот на главниот град Скопје, Коце Трајановски и вршителот на должноста директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација”, Бојан Василевски, присуствуваа во саботата почетокот на градежните работи на атмосферскиот колектор под стоковната куќа „Мост“, на дел од булеварот „Гоце Делчев“.
Од Градот Скопје апелираат до учесниците во сообраќајот да покажат разбирање додека траат градежните работи на дел од булеварот „Гоце Делчев“ и доколку се во можност во своето движење да ја користат околната патна мрежа.Локацијата на булеварот „Гоце Делчев“ е една од десетте точки во градот што редовно се поплавуваа при поројните дождови изминатиот период.„ На оваа локација покрај активностите на постојаната атмосферска мрежа, ќе биде изграден дополнителен колектор со профил Ф 500 милиметри, во должина од 62,1 метар, и тоа од јужниот коловоз до приклучокот во постоечкиот атмосферски колектор Ф 1000 милиметри“, рече скопскиот градоначалник Трајановски.Додаде дека истовремено по должината по јужниот коловоз ќе биде изведен армирано-бетонски монолитен канал во должина од 30 метри, а попречно, по двата коловоза ќе биде изведен армирано бетонски монолитен канал во должина од 27 метри со зафат преку попречни и подолжни решетки со канали од двете страни на булеварот.„Со овие зафати и зголемувањето на капацитетот на атмосферскиот колектор, сметаме дека значително ќе се подобри одведувањето на атмосферските води и ќе спречи поплавување на коловозот во услови на интензивни врнежи“, истакна градоначалникот Трајановски.Василевски, пак, ги објасни техничките детали за изведба на дополнителната атмосферска мрежа под стоковната куќа „Мост“.„Изведба на дополнителната атмосферска мрежа под стоковната куќа ’Мост’ ќе работат градежниците на компанијата ’Жикол’, а градежните работи се очекува да завршат за 50 работни дена. Овој проект е изработен и финансиран од јавното претпријатие ’Водовод и канализација’ и за овој зафат ќе бидат издвоени околу 2,5 милиони денари“, рече Василевски.Градежните зафати за подобрувањето на атмосферската канализациска мрежа на дел од булеварот „Гоце Делчев”, под стоковна куќа „Мост“ е дел од активностите кои властие на Град Скопје ги преземаат за надминување на проблемите и поплавите кои се создаваа на десетте критични точки по поројните дождови. Досега е интервенирано на дел од улицата „Финска”, а во завршна фаза се и активностите на булеварот „Киро Глигоров”.На другите места ќе се интервенира по завршување на сите законски постапки и спроведување на јавни набавки и се очекува најголемиот број на градежните работи за завршат за неколку месеци. За сите овие интервенции Градот Скопје ќе одвои околу сва милиона евра./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)