Контакт

Скопје

Жерновски: Дочек во општина Центар ќе има, настанот ќе биде и од хуманитарен карактер

Објавено пред

 

Правниот тим на општина Центар ги разгледа веќе склучените договори со артистите кои што треба да настапат за новогодишната ноќ  и заклучи дека раскинувањето на тие договори со нив ќе предизвика сериозни финансиски последици, со што одлучено е настанот да се одржи и дополнително истиот да биде од хуманитерен карактер, изјави во четвртокот градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, говорејќи за манифестацијата „Град во Градот 4“, која ќе се одржи на 31-ви декември на Сквер Јадран.

 

„Заради откажувањето на настапите, ќе треба да ги исплатиме парите во целост, без разлика што изведувачите нема да го одржат новогодишниот настан. Ова е нелогично и нема да донесе никаква придобивка. Можноста да се пренаменат тие средства за идејата која што постои и која што ја разбирам апсолутно, сега е исклучително тешка. Вие знаете дека дел од граѓаните се да се откаже концертот поради иницијативата, а дел се за да се одржи новогодишниот концерт. Од тие причини, успеавме да најдеме едно компромисно решение. Од денеска, тој новогодишен настан нема да има само забавен, туку ќе има и хуманитарен карактер, затоа што тоа ќе се претвори во донаторски проект, каде што сите граѓани и фирми ќе можат да донираат за оние категории на граѓани кои се најранливи“, објасни Жерновски.

 

Според градоначалникот на Центар, првите кои веќе потврдија дека ќе донираат се самите артисти, кои ќе издвојат 600 илјади денари од својот хонорар за настапот. „Парите ќе бидат наменети за таму каде што ќе се договориме дека е најнеопходно и во претстојниот период ќе го објавиме. Очекувам овој пример да го следат и граѓаните. На самиот настан ќе може секој да донира пари а активностите и можностите за донирање ќе ги објавиме во следните денови. Верувам дека на крајот ќе дојдеме до висока сума на средства, која би била блиску до онаа која општината ја издвојува за организација на самиот настан“, додаде тој.

 

„Мислам дека ова е едно компромисно решение кое ќе ги задоволи сите. Благодарност до оние граѓани кои ја дадоа оваа иницијатива. Сепак, за општина Центар ова не е ништо ново, затоа што и по бројки и по факти, општина Центар е општина која што најмногу издвојува средства од својот буџет за социјални намени и проекти”, порача Жерновски./крај/мф/бс

Македонија

Без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска се планирани следните технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје и без електрична енергија ќе останат:

во периодот од 9:00-12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Блажо Биринчето,ул.Франц Розман, ул.Петар Шаулев, ул.Франц Месеснел (општина Карпош)

во периодот од 12:10:14:00 часот корисниците на дел од ул.Лука Геров бр.13 и бр.15 и околните згради (Општина Ѓ.Петров)

во периодот од 8:45-11:00 часот дел од ул.Лука Геров од бр.33-43, непарните броеви и околните згради (општина Ѓ.Петров)

во периодот од 8:30-14:00 часот корисницте на дел од с.Морани (после каналот пат за Зелениково (општина Студеничани)

во периодот од 9:00-15:00 часот корисниците од ул.Леринска, ул.Стрезово и дел од ул.Козле (општина Карпош)

во периодот од 10:00-11:00 часот корисниците на дел од ул.Тодор Чангов подулица бр.52 (општина Аеродром)

во периодот од 9:00-10:00 часот корисниците на дел од с.Орешани ул.7 (општина Зелениково)

во периодот од 11:30-14:00 часот корисниците од селата:Чифлик, Дивље, Живиње, Сушица, Средно, Долно и Горно Коњари.(општина Петровец)

во периодот од 8:30-15:00 часот корисниците од ул.Ѓорѓи Поп Христов, ул.Благоја Паровиќ, ул.Никола Малешевски, ул.Роналд Реган (општина Чаир)

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без струја повеќе делови на Скопје

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре се планирани следните технички зафати во електроенергетскиот систем во Градот Скопје и без електрична енергија ќе останат:

во периодот од 9:00-12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Блажо Биринчето, ул.Франц Розман, ул.Петар Шаулев, ул.Франц Месеснел (општина Карпош)

во периодот од 12:10:14:00 часот корисниците на дел од ул.Лука Геров бр.13 и бр.15 и околните згради (Општина Ѓ.Петров)

во периодот од 08:45-11:00 часот дел од ул.Лука Геров од бр.33-43, непарните броеви и околните згради (општина Ѓ.Петров)

во периодот од 8:30-14:00 часот корисницте на дел од с.Морани (посл каналот пат за Зелениково (општина Студеничани)

во периодот од 9:00-15:00 часот корисниците од ул.Леринска, ул.Стрезово и дел од ул.Козле (општина Карпош)

во периодот од 10:00-11:00 часот корисниците на дел од ул.Тодор Чангов подулица бр.52. (Општина Аеродром)

во периодот од 9:00-10:00 часот корисниците на дел од с.Орешани ул.7  (општина Зелениково)

во периодот од 11:30-14:00 часот корисниците од селата:Чифлик, Дивље, Живиње, Сушица, Средно, Долно и Горно Коњари (општина Петровец)

во периодот од 8:30-15:00 часот корисниците од ул.Ѓорѓи Поп Христов, ул.Благоја Паровиќ, ул.Никола Малешевски, ул.Роналд Реган (општина Чаир)

Прикажи повеќе...

Македонија

Прекин на водоснабдување во одредени делови на Скопје

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради дефект на затварач (Шибер) со пречник од Ф 100мм на ул.Димитрие Чуповски бб ( пред министерство за правда ) нас.Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Никола Вапцаров, дел од ул.Димитрие Чуповски и дел од ул.Македонија (општина Центар) и тоа во периодот од 08:00 часот до завршување на работата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија2 часа

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа3 часа

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија3 часа

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија5 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион5 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет6 часа

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет6 часа

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет7 часа

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет7 часа

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија19 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија23 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија23 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија1 ден

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија1 ден

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија1 ден

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет1 ден

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион1 ден

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет1 ден

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет1 ден

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Досие