Контакт

Македонија

Со 230 илјади евра реновирана трауматологија во стара Градска болница, необновена од 1962 година: вратите се без кваки по препорака од СЗО

Објавено пред

Денес Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ повторно го пушти во употреба одделението за трауматологија, овој пат реновирано, со 200 илјади евра од својот буџет и 30 илјади евра донации. Директорот на болницата, Небојша Настов, кажа дека е горд оти завршила реконструкцијата на последниот необновен дел од болницата.

„Горд сум што можам да најавам дека конечно заврши реконструкцијата на последниот оддел којшто беше нереконструиран, да не кажам нереновиран, во нашата Универзитетска клиника „Свети Наум Охридски“. Можам да кажам дека од ’62 година наваму, со некои исклучоци, со некои ситни поправки, не е интервенирано воопшто на самиот оддел за трауматологија“, рече директорот Настов.

Одделот за трауматологија директорот Настов кажа дека годишно изведува околу 1.100 оперативни интервенции

Тој објасни дека направиле комплетна реконструкција на целиот оддел со комплетно нова електрична и водоводна инсталација, нов систем за греење, комплетна промена на подовите и нови врати.

„Монтирани се таканаречени автоматски сензорски врати коишто се во склоп на препораките на Светската здравствена организација за намалување на трансмисијата, односно преносот на интрахоспиталните инфекции. Нема кваки на самите врати, туку само со доближување на раката до сензорите се отвараат или се затвораат“, објасни директорот Настов.

Капацитетот на одделот е 26 кревети, исто како и претходно. Одделот за трауматологија директорот Настов кажа дека годишно изведува околу 1.100 оперативни интервенции, и има  деветмина хирурзи-трауматолози коишто работатзаедно со голема група сестри, болничари и помошен технички персонал.

Директорот Настов смета дека сестрите и помошно-техничкиот персонал се клучни за пациентите по операциите да се чувствуваат задоволни. Иако има подобрување во поглед на зголемување на бројот на сестри и помошен персонал, Настов смета дека нивниот рој треба да се зголеми, за разлика од бројот на лекарите, за кои смета дека се доволни.

Стара Градска е позната како прва инстанца за трауматски повреди во градот, рече министерот Клековски

Директорот Настов ги прошета премиерот, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Сашо Клековски, во реновираниот оддел.

Директорот Настов ги прошета низ реновираниот оддел премиерот и министерот

„Посебно ми е драго да бидеме тука во ‘Свети Наум Охридски’ или ‘Стара градска’ како што ја викаат скопјани. И додека секојдневно зборуваме за новите клинички болници, не смееме да заборавиме во каква состојба се постоечките капацитети, а ова е еден од најстарите капацитети — оваа зграда е од предвоена Македонија. Долго време била административна зграда и веројатно над 50 години некои делови се нареновирани. Ми е драго што директорот и персоналот го завршија овој дел, затоа што Стара градска е позната како прва инстанца за трауматски повреди во градот, и вообичаено Брзата помош стигнува тука кога има траума. Можам да кажам дека директорот е амбициозен и веќе работи на планот за целосна реконструкција и на ургентниот дел и на оперативниот блок. И се надевам дека со тоа ќе се комплетира во догледно време реконструкцијата на овој капацитет, кој е важен хируршки центар во градот“, рече министерот Клековски.

Премиерот Мицкоски им честиташе на директорот Настов и на вработените во болницата за сето она што го прават за пациентите да добијат достоинствени услуги и достоинствен третман.

„Од ’65-та наваму шајка не е закована, така што еве, полека но сигурно почнуваме да ги реализираме тие приоритети. За жал, не можеме преку ноќ сето она коешто со децении било уништувано да го исправиме, но еден по еден приоритет ги решаваме. И во периодот којшто следи, здравството ќе биде еден од врвните приоритети во работата на Владата, ќе продолжиме да инвестираме“, рече премиерот Мицкоски.

Буџетот којшто се инвестира во здравството Мицкоски рече дека надминува една милијарда евра годишно и Владата има планови и развојни проекти кои во периодот што следи ќе почнат да се реализираат.

Најново

Спорт26 минути

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет32 минути

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет44 минути

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт45 минути

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет58 минути

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава1 час

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава1 час

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија1 час

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија2 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...