Контакт

Македонија

„Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија“, прашува Левица

Објавено пред

„Ива Михаилова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, се најде во Софија и покрај тоа што е на стоп-листа за напуштање на Македонија. Министерството за внатрешни работи, пак, нема евидентиран излез на Михаилова од државата! Нејзиниот татко, Симеон Михаилов, осуден на 13 години затвор за обид за убиство во случајот „Детонатор“, со години се крие во Бугарија од издржувањето на казната. Таткото и ќерката во Бугарија, надвор од дофатот на македонските институции, а МВР на Тошковски повторно докажува дека не е способно да ги спроведе ниту сопствените мерки!“, велат од Левица.

„Уште колку луѓе треба да ни избегаат за да признаеме дека безбедносниот систем ни е крахиран? Границите ни се швајцарско сирење – криминалот, шверцот и бегствата од правдата со години ја разобличуваат неспособноста на МВР да ја контролира сопствената територија.

Панче Тошковски секојдневно докажува дека интерпелацијата на Левица беше повеќе од оправдана! Со 17 точки ја образложивме неговата политичка одговорност, а оттогаш скандалите само се редат. Тошковски нема капацитет да гарантира ниту основна безбедност, ниту спроведување на мерките што ги изрекуваат судовите. МВР под негово раководство потфрла во своите најосновни задачи. Министер што не може да гарантира контрола на границите нема кредибилитет да ја води безбедносната политика на државата!

Тимчо Муцунски пред само неколку дена во Софија преговараше за македонско-бугарските односи и бугарското вето. Дали зад затворени врати се договарало замижување пред бегството на Михаилова во замена за бугарско попуштање околу ветото? Дали власта е подготвена да ги жртвува владеењето на правото и одговорноста на институциите за да добие привидно придвижување кон ЕУ?

Наместо правда и сигурност, граѓаните добиваат порака дека доволно е да се најдеш од другата страна на границата за да станеш недостапен за македонските институции. Тоа е пораз на правната држава, а последиците за ваквата состојба не смеат повторно да изостанат. Панче Тошковски мора да понесе одговорност за безбедносниот дебакл што се случува под негово раководство!“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава6 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт7 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт7 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет7 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт7 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет8 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет9 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт9 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...