Контакт

Македонија

Со едно скенирање ќе може да се провери дали е важечка лиценцата, Андоновски промовираше нов систем

Објавено пред

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес го презентираше системот СМАРТ лиценци, кој претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на јавните услуги.

Станува збор за целосно електронски систем за издавање, проверка и јавно следење на лиценци преку електронски регистар и QR код.

Како што истакна министерот Андоновски, целта на овој систем е секоја лиценца издадена од институција да може да се провери брзо, точно, официјално и без непотребни административни пречки.

„Наместо документ што се носи, фотокопира, препраќа и тешко се проверува, воведуваме модел во кој постои еден официјален електронски запис, поврзан со QR код и со електронски регистар кој ја покажува точната моментална состојба“, посочи Андоновски.

СМАРТ лиценцата не претставува само електронска замена за печатениот документ, туку дел од нов систем кој опфаќа електронско барање, електронска обработка, електронски регистар, QR проверка и проверлива трага на постапката. Со едно скенирање ќе може да се провери официјалниот статус на лиценцата – дали е важечка, истечена, суспендирана, укината или во постапка.

Првиот пилот-проект веќе е имплементиран во Министерството за дигитална трансформација, за давателите на квалификувани доверливи услуги. Станува збор за услуги од особено значење за дигиталната економија и правната сигурност во електронското работење, како што се квалификувани сертификати за електронски потпис, електронски печат, автентичност на веб-страници, електронски временски жигови, електронска препорачана достава, валидација и електронско складирање на документи.

Процесот е целосно структуриран и лесен за следење. Правното лице се најавува на Националниот портал за е-услуги, избира вид на квалификувана доверлива услуга, пополнува електронско барање и ги прикачува потребните прилози. Дел од податоците се преземаат автоматски, каде што тоа е возможно, а дел се внесуваат и валидираат во процесот.

По поднесувањето, системот враќа единствен идентификатор и архивски број на барањето, со што секој предмет добива јасна следливост – од моментот на поднесување, преку обработката, до конечниот одговор. Субјектот може да го следи својот предмет преку своето сандаче на порталот, а повратниот одговор се добива како електронски документ: решение за одобрување, решение за одбивање или решение за некомплетно барање.

Кога лиценцата е одобрена, таа се појавува во електронскиот регистар со статус „важечка“ и со можност за QR проверка. QR кодот не води само до копија од документот, туку до официјална проверка на статусот во регистарот. Тоа значи дека граѓанин, компанија, инспектор или друга институција ја проверува актуелната состојба во моментот на проверката, а не стара копија, испратен PDF или застарен документ.

„Ова создава поголема доверба. Ако лиценцата е важечка – тоа јавно се гледа. Ако е укината, истечена или суспендирана – и тоа мора да биде видливо преку проверката. Така се заштитуваат граѓаните, се заштитуваат компаниите кои работат законски, а институциите добиваат поефикасна контрола“, нагласи министерот Андоновски.

Со СМАРТ лиценците, граѓаните добиваат можност за проверка на лиценца за неколку секунди, компаниите добиваат поголема доверба во правниот промет, намалена субјективност од администрацијата и помалку чекање во административните процедури, додека институциите добиваат електронски регистар достапен во реално време, со помалку хартија, помалку барања за потврди и подобра инспекциска и јавна контрола.

Андоновски потенцираше дека овој модел не треба да остане ограничен само на Министерството за дигитална трансформација, туку може да се примени и во други области, како угостителство, транспорт, логистика, осигурување, хотелиерство, правосудство, животна средина, урбанизам и дозволи за градење.

„Секаде каде што постои лиценца, дозвола или одобрение што јавноста треба да може да го провери, може да постои и СМАРТ лиценца“, рече Андоновски.

Во напредна фаза на развој и тестирање се и лиценците на Министерството за економија и труд, кои се однесуваат на ноќен клуб, дискотека, кабаре, бар и хотел, а се очекува тестирањето да заврши до крајот на јуни.

„Нашата цел е државата да престане да бара од граѓаните и компаниите да бидат курири на документи. Државата мора да обезбеди податоците да бидат точни, достапни, проверливи и безбедни“, истакна министерот Андоновски.

СМАРТ лиценците се конкретен пример како дигитализацијата носи реална вредност: помалку хартија, помалку бирократија, повеќе доверба, побрза проверка и поголема отчетност велат од Министерството.

Најново

Забава9 часа

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Мудроста често доаѓа со возраста, но многумина посакуваат да научеле некои животни лекции многу порано. Токму затоа психолозите истакнуваат дека...

Свет9 часа

Протести на Мајорка против масовниот туризам

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со...

Забава10 часа

Девет необични симптоми на бременоста за кои можеби не сте знаеле

Утринските мачнини и необичните желби за храна се меѓу најпознатите симптоми на бременост, но многу бремени жени се соочуваат и...

Забава10 часа

Ако облеката мириса непријатно веднаш по перењето, исчистете го овој дел од машината

Ги вадите алиштата од машината и наместо мирис на свежина, мирисате на влажен подрум. Виновникот често не е детергентот за...

Забава10 часа

Често се будите уморни: Овие навики може да бидат причина зошто немате доволно енергија

Будењето по неколку часа сон не секогаш значи дека сте се одмориле. Ако често се чувствувате уморни штом ќе ги...

Свет11 часа

Нов инцидент во Германија, дронови прелетаа над воена база

Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се...

Забава11 часа

(Фото) Стотици луѓе се собраа пред катедрала затоа што мислеа дека Роналдо се жени, неговата сестра се огласи

Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени...

Спорт12 часа

Алмада пристигна во Ривер Плата

Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше...

Македонија12 часа

Утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој...