Контакт

Македонија

Со украдени лични податоци на граѓани подигнале околу три милиони денари брзи кредити, меѓу обвинетите и вработен во ФЗО

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа, Злоупотреба на лични податоци и Компјутерска измама.

Против вкупно 33 лица е поднесен предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама.

Обвинетите со умисла извршилe повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи притоа ист траен однос воспоставен помеѓу нив заради извршување на делото, исти прилики за користење на електронска апликација и други слични околности како што е невработеноста на лицата кои дале особен придонес за сторување на делото.

Во информатичкиот систем на повеќе оштетени финансиски друштва внесувале невистинити податоци – за кои секој од нив знаеле дека не се вистинити и дека се постигнати со дејствија од други кривични делa, со што предизвикувале невистинити резултати при електронската обработка и преносот на податоците од Агенцијата за вработување на РСМ.

Во ова им помагал еден од нив, кој бил службено лице вработено во Фондот за здравствено осигурување и кој им ставил на располагање средства, односно ЕЗБО број кој претходно го обезбедил преку својот компјутер од електронскиот систем на Фондот. Користеле лажни исправи и ги злоупотребувале личните податоци на оштетени физички лица и притоа од финансиските друштва повлекувале брзи кредити на нивно име.

Намерата на обвинетите им била за секој од нив да прибават противправна имотна корист. Четворица од нив со вакви дејствија во периодот од февруари 2023 година до јуни 2024 година, како вкупна последица ја оствариле последицата на потешко кривично дело односно прибавиле вкупна имотна корист во износ од 2.509.808 денари која е значителна. Останатите во текот на 2022 и 2023 година со поединечни дејствија во помал износ прибавиле противправна имотна корист во вкупен износ од дополнителни 659.500 денари.

За четири лица кои беа опфатени со истражната постапка јавниот обвинител донел решение за запирање на истрагата, од кои за двајца не биле обезбедени докази дека учествувале во оваа измамничка шема, а двајца починале во меѓувреме.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет13 минути

Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО предизвикал длабоки кризи во земјите во кои интервенирал, оценувајќи дека...

Регион25 минути

Во Љубљана тестираат трамвај без шини, чини повеќе од два милиони евра

На улиците на Љубљана започна тестирањето на ново возило кое градските власти го нарекуваат батериски трамвај. Возилото, кое се движи...

Македонија32 минути

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, престојуваше во работна посета на Литванија, во пресрет на...

Македонија34 минути

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава50 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт1 час

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион1 час

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија1 час

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија1 час

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...