Македонија
Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 15 та седница
Пратениците во Собранието на Република Македонија во понеделник ќе ја одржат петнаесеттата седница на која на дневен ред ќе се најдат Предлог на закон за задолжителни нафтени резерви, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, Предлог на закон за изменување на Законот за образование на возрасните Предлог на закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, сите во прво читање.
Пратениците расправа ќе имаат и по Предлог на закон за изменување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, Предлог на закон за изменување на Законот за јавно здравје, Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Предлог на закон за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, Предлог на закон за изменување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите во прво читање.
Предлогот на дневниот ред на собраниската седница се надополнува и пратениците предвидено е да расправаат и по Предлог на закон за заштита и благосостојба на животните, во прво читање, Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, Предлог на одлука за разрешување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија, Дополнет предлог на закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог на закон за изменување дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила, Предлог на закон за дополнување на Законот за спортот, сите во второ читање, треба да бидат дел од дополнувањето на дневниот ред на собраниската седница.
Народните избраници на петнаесеттата седница на Собранието на Република Македонија треба да ги разгледуваат и Предлог на закон за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, Предлог на закон за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на закон за дополнување на Законот за продажба на становите во општествена сопственост, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, во прво читање, како и Предлог на стратегија за изменување и дополнување на Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 и Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци
Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ, се вели во партиското соопштение од ДУИ.
– Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона. Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека „ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Северна Македонија“.
Исто така, тие ја повикаа албанската опозиција „да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници“.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.