Македонија
Собранието попладнево ќе расправа за договорените измени на закони од Пржино
На денешната координативна средба на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи одлучено е за понеделник, во 15 часот да биде закажана 75-та пленарна седница на која ќе се најдат измените на законите за спроведување на договоренот од Пржино.
На седницата ќе бидат ставени точките: Одлука за Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето; Предлог закон за изменување и дополнување на Изборниот законик; Предлог закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик; Предлог закон за заштита на приватноста; Предлог закон за заштита на укажувачи и Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за Влада.Доцна во петокот, по неколкунеделно стагнирање на преговорите беа договорени измените на законот за влада, со кој се уредуваат ингеренциите на новите министри за внатрешни работи и труд и социјална политика, назначени од СДСМ.Беа предложени и конкретни имиња, па така, министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, за труд и социјална политика, Фросина Ременски, заменик министер за финансии ќе биде Кире Наумов, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Љупче Николовски, заменик министер за информатичко општество и адиминистрација ќе биде Александар Кирацовски.Во петокот ноќта, беше постигнат договор којшто денеска треба да биде само правно формализиран, преку преточување во Закон за Влада, во којшто се дефинираат надлежностите на замениците министри. Постигнат беше договор за Изборниот законик, за Законот за укажувачите, постигнат беше и договор на Закон за заштита на приватноста, којшто стапува во сила веднаш, а ќе се применува после шест месеци, период дозволен за да се изјасни Венецијанската комисија по самиот закон и постигнат беше договор којшто треба да биде преточен во одлука на Парламентот за Анкетната комисија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата
Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов по првиот круг од претседателските избори.
„Затоа е потребна општа мобилизација за уште посилна победа на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните ги отпишаа СДСМ, да запнеме сите заедно да ги отпишеме и ДУИ. Овојпат ДУИ мора да падне! Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата!“, порача Анеглов.
Ангелов пред еден месец соопшти дека неговата партија излегува од коалицијата предводена од СДСМ.
Тој со години се залагаше воените инвалиди и семејства на загинатите бранители да бидат обештетени, но немаше слух од своите коалициони партнери. Како што самиот рече, добивал поддршка од премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но поради противењето на ДУИ тоа не се случило.
Македонија
Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи
Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.103 гласови односно 0,90%. Тоа е помалку од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.
Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.
Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Додаде дека не е задоволен од изборниот резултат.
Поразот на Јакимовски вчера беше главна тема на социјалните мрежи.
Стевчо Јакимовски ни комшиите не го гласале. Пошо да го гласаа ќе тепаше у прв круг.
— Ракун (@HumoroidM) April 24, 2024
И доктортот Нико Беќаровски за него објави хумористичен статус.
„Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“, напиша тој на фејсбук.
Стевчо Јакимовски во првиот круг заврши последен по бројот на гласови на претседателските избори.
Македонија
Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро
На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.
Тој соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, а беше познат и како „крал на местенките“ во фудбалот.
Соработуваше со големи музички ѕвезди како Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена.
Своевремено има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.