Контакт

Македонија

Сопругот ја истепал Ивана Јовановски на денот на трагедијата и и’ се заканувал дека ќе ја убие, соопшти Обвинителството, предложен е притвор

Објавено пред

Обвинителството предложи притвор и поведе постапка за сопругот на сега починатата Ивана Јовановски која со ќерката скокна од шестиот кат од станот на 2 март во скопската населба Карпош. Сопругот ќе биде гонет за наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста.

Според Обвинителството, од кривичната пријава и дополнително прибавените докази произлегува дека во периодот од 2019 година до 2 март, кога оштетената донела одлука да си го одземе животот, осомничениот – нејзиниот сопруг со кој била во бракоразводна постапка – во повеќе наврати физички и психички ја малтретирал. Тој, како што се наведува, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и ѝ нанесувал видливи повреди по телото.

Овие настани, според Обвинителството, биле пријавувани во надлежните институции од страна на оштетената, но и од очевидци и други сведоци. Насилството, како што се наведува, се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година.

„На 2 март, во безизлезна состојба, оштетената го зела во раце шестгодишното дете и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој живееле, при што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место. На критичниот ден осомничениот најпрво ѝ се заканувал и започнал да ја удира во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека се возеле со автомобил управуван од трето лице кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да ѝ се заканува дека ќе ја убие. Во близина на судот повторно физички ја нападнал и ѝ нанел телесни повреди, при што кај неа биле констатирани хематоми по главата и телото“, велат од Обвинителството.

Подоцна, откако од училиште ја зеле шестгодишната ќерка, сведокот ги однел до нивниот дом за оштетената да се спакува и да замине кај мајка ѝ. Додека сведокот и осомничениот чекале пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето, по што го извршила самоубиството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и вештаци, како и опасност од повторување на кривично дело. Обвинителството информира дека продолжува да прибира докази за случајот.

Најново

Свет34 минути

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет1 час

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет1 час

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија1 час

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава2 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт2 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...

Забава2 часа

(Видео) Рики Мартин драстично го промени својот изглед и блесна во Венеција

Филмскиот фестивал во Венеција донесе не само гламурозни модни изданија, туку и драстични промени во изгледот на некои славни личности....

Спорт2 часа

Гулер доби нов договор

Реал Мадрид се согласи да ја продолжи соработката со турскиот фудбалер Ардо Гулер. Арда Гулер ќе остане во Реал и...