Контакт

Македонија

Сотир Лукровски се врати на работа: „Изминатиот период за мене беше големо искушение“

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој два месеца не одеше на работа, сега јавно откри дека имал здравствен проблем и вели дека изминатиот период за него бил големо искушение.

„Животот е борба исполнета со предизвици, но не затоа што е против нас, туку затоа што секој предизвик нè принудува да растеме, да учиме и да станеме посилни.

Изминатиот период за мене беше едно големо искушение. Се соочив со здравствен предизвик кој ме натера да сфатам дека вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш.

Денес, со голема благодарност и искрена радост, повторно се враќам на своето работно место. Ова враќање за мене не претставува само продолжување на професионалните обврски, туку и лична победа над здравствените предизвици со кои се соочив во изминатиот период. Во ова искуство научив дека со трпение, истрајност, верба и поддршка, дури и најтешките битки можат да се добијат“, објави Лукровски.

Тој му се заблагодари на заменик-градоначалникот за поддршката што му ја дал во текот на целиот период и за неговата професионалност и посветеност кон работата. Му се заблагодари и на премиерот, како и на неговиот тим во Општината.

„Од срце му благодарам на премиерот Христијан Мицкоски за човечноста, поддршката и помошта во мојата борба.

Благодарност упатувам, до мојот тим, како и до сите вработени и советниците од Општина Карпош. Вашите зборови на охрабрување, и поддршката што ми ја пруживте ми дадоа дополнителна сила и мотив да продолжам напред.

Огромно благодарам до семејството, пријателите, сограѓаните, лекарите и сопартијците кои ми испратија порака, ми посакаа побрзо закрепнување или едноставно беа покрај мене кога ми беше најпотребно. Таквата поддршка нема цена и никогаш нема да ја заборавам“, рече Лукровски.

Тој вели дека е згрозен од одредени поединци кои се обиделе да дојдат до политички поени на сметка на неговата состојба.

„Најодговорно сакам да ги демантирам сите шпекулации и лаги врзани за моето име, згрозен сум од начинот со кој што одредени поединци и партии пробаа да дојдат до ефтини политички поени на сметка на мојата состојба. Само оние кои недоволно ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал. Сега по божја волја се враќам со нова енергија, со уште поголема посветеност и со јасна цел – да продолжам да работам одговорно, чесно и посветено, во интерес на граѓаните и развојот на нашата општина. Да сте ми живи и здрави“, напиша Лукровски на социјалните мрежи.

Најново

Регион1 час

Пожарот на Халкидики ставен под контрола, изгореа неколку куќи

Пожарот што денеска зафати дел од Халкидики е под контрола. Оштетени се куќи и инсфратруктура и за среќа нема жртви....

Македонија2 часа

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

На централниот настан по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, истакна...

Забава2 часа

Три едноставни тестови откриваат дали доматот е навистина квалитетен

Купувате домати, но не сте сигурни кој е најдобар? Можете да го проверите квалитетот со три едноставни тестови: погледнете ја...

Македонија3 часа

(Видео) Одблизу кај пожарот во Лозани: „Огнот стигна до куќите, опасноста продолжува“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско. Кажа дека...

Регион3 часа

Хотелиерите на Халкидики и Солун ќе ги сместат погодените од големиот пожар во Сивири

Хотелиерите на Халкидики и Солун имаат слободни соби за погодените од големиот пожар што избувна во Сивири на првиот крак...

Топ3 часа

МВР: 13 лица повикани во полиција за споделување информации за водата во Скопје, ниту еден од нив не кажал веродостоен извор

Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, информира Министерството за внатрешни...

Свет4 часа

Унгарија итно гради брана на Дунав за ладење на нуклеарна централа

Унгарија ќе изгради брана на Дунав, чие ниво на вода нагло се намали поради сушата, за да се одржи ладењето...

Регион4 часа

(Видео) „Изгубивме сè“ – маж и жена од Сивири го изгубија домот во шумскиот пожар

Со солзи во очите, пар од Сивири, Халкидики, изјави за ЕРТ дека нивниот дом бил целосно уништен од шумскиот пожар...

Регион5 часа

(Видео) Туристите од Халкидики се евакуираат со бродови

Повеќе од 347 лица веќе се безбедно транспортирани од Халкидики до марината Сани, додека уште приближно 92 лица се качија...