Контакт

Македонија

„Советот на Општина Кисела Вода не смее да биде сцена за политички театар и лични пресметки“, велат од СДСМ Кисела Вода

Објавено пред

„Вчерашната седница на Советот на Општина Кисела Вода уште еднаш покажа колку далеку може да отиде политичката неодговорност кога личните и партиските интереси ќе станат поважни од интересот на граѓаните. На седница со обемен дневен ред и точки од суштинско значење за секојдневното функционирање на општината, наместо сериозна, аргументирана и конструктивна дебата, сите бевме сведоци на жестока расправија, меѓусебни обвинувања, повишени тонови и непримерно однесување помеѓу претставници на владејачкото мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и советник од Левица“, велат од ОО СДСМ Кисела Вода.

„Додека советниците од СДСМ се обидуваа да отворат суштинска расправа за точките од дневниот ред и за проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите на Кисела Вода, мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со претставници на Левица, го претворија Советот во арена за меѓусебни политички и лични пресметки.

Тоа не е политичка дебата. Тоа не е одговорно управување. И, пред сè, тоа не е односот што жителите на Кисела Вода го заслужуваат. Кисела Вода има сериозни проблеми.

Проблеми со хигиената. Проблеми со состојбата на улиците и инфраструктурата. Потреба од подобри услови во образовните институции. Потреба од поквалитетни и поефикасни општински услуги. Потреба од конкретни решенија за секојдневните проблеми на граѓаните.

За овие прашања треба да се зборува на седниците на Советот. За овие прашања треба да се расправа. За овие прашања треба да се носат одлуки.

Наместо тоа, во текот на целиот вчерашен ден, жителите на Кисела Вода, но и граѓаните на целата држава, имаа можност да гледаат седница на Советот во која мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ, како и секогаш, молчи, додека градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и советник од Левица ги префрлаат своите меѓусебни лични конфликти во пленарната сала.

Советот не е приватна дневна соба. Општината не е партиски штаб. А пленарната сала не е место за лични пресметки. Од СДСМ Кисела Вода сметаме дека политичките несогласувања се легитимни, но тие мора да се водат со аргументи, факти и почит кон институцијата и граѓаните.

Не може личните конфликти, меѓусебните обвинувања и политичкиот театар да го потиснуваат дневниот ред и реалните проблеми на општината.
Затоа, ги повикуваме жителите на Кисела Вода сами да донесат заклучок.

Да погледнат кој за што зборува. Кој каква дебата води. Кој се занимава со проблемите на граѓаните, а кој со сопствените политички и лични конфликти. Кој предлага решенија, а кој создава конфликти.

И, конечно, кој навистина е посветен на Кисела Вода. Граѓаните не избираат советници и градоначалник за да гледаат ефтин политички театар. Граѓаните избираат луѓе кои треба да решаваат проблеми. Кисела Вода заслужува Совет кој ќе работи, ќе дебатира и ќе носи одлуки во интерес на сите жители на општината. Кисела Вода заслужува политика на резултати, а не политика на конфликти и самопромоција преку говори како на партиски митинзи, пред микрофонот на говорницата“, се наведува во соопштението на ОО СДСМ Кисела Вода.

Најново

Свет54 минути

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија58 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија1 час

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија1 час

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија1 час

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија3 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет3 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија3 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...