Македонија
Спасов: Центарот за социјални работи ги презел сите мерки за случајот во Злетово
Центарот за социјални работи ги презел сите мерки и надлежности коишто ги имал согласно законот во случајот во Злетово, изјави во четвртокот министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, за случајот во кој професионален војник, кој претходно бил пријавуван за насилство, ги уби родителите на поранешната сопруга и уште еден жител на Злетово.
„Против него се водела и кривична постапка на суд и е пријавувано семејно насилство, меѓутоа Центарот за социјална работа покренува постапка пред надлежен суд за изрекување привремени мерки за заштита само доколку постои согласност од страна на жртвата на семејно насилство и да се покрене судска постапка за изрекување привремени мерки за заштита. Во исто време Центарот работи со жртвата и понудени и се сите останати мерки предвидени со закон“, истакна.Со новиот Закон за семејно насилство, кој стапува во сила од 1-ви јануари 2015, како што нагласи Спасов, се предвидуваат значително построги мерки за сторителите на семејно насилство.„Го следиме австрискиот пример со кој се предвидува отстранување на сторителот на семејно насилство од неговиот дом. Исто така, во случај кога дете е присутно во моментот на извршување на семејно насилство или, пак, самото е жртва, да не се бара согласност од родителите за покренување на судска постапка за изрекување на привремени мерки за заштита“, изјави Спасов.Инаку, во текот на оваа година биле покренати повеќе од 230 постапки за изрекување на привремени мерки за сторителите на семејно насилство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Истовремено ќе уживаат во македонската песна со настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Даниела Темелковска.
Македонија
Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат
Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој се сомничи за трговија на дрога, потврди МВР.
Штекли двапати беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен. Пред два месеца во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба во неговиот двор. Овие случаи кои се одвиваа во изминатите две години не добија своја разрешница.
Македонија
Возилото на „БРАКО“ чисти снег рамо до рамо со тешката механизација на „Комуналец-Неготино“
Возилото на БРАКО изминатите денови го чистеше снегот во Неготино заедно со другата градска механизација и јуначки се носеше со своите поголеми браќа од возниот парк на неготински Комуналец, во услови кога градот беше покриен со снег. Додека поголемите машини ги чистеа главните улици, возилото Грин Машинс на БРАКО го чистеше снегот од пешачките зони, тротоарите и потешко достапните места на улиците.
Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег.
,,Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни’’-изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев, контактиран од Службата за корпоративни комуникации на БРАКО.
Неготино купи возило Грин Машинс во март 2024г, и додека во текот на целата година свиперот одлично ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег.
(ПР)