Контакт

Македонија

Спречен обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук на Богородица

Објавено пред

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари.

„При контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг ананас, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација.

Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е запленета, а против него од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело ‘криумчарење’, извести Царинската управа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Филипче по поразот на Орбан: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче се огласи на социјалните мрежи откако Виктор Орбан ги изгуби изборите во Унгарија.

„Вечерва Унгарија рече ДОСТА E!

Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме.

Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите поради огромното влијание што Орбан го имаше врз нив. Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ а со него и Мицкоски. Време е за демократија! СДСМ ќе ја врати власта во рацете на народот и Македонија конечно ќе ја врати на европскиот пат. Демократијата и Европа победуваат.“, пишува Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Уапсени пет возачи за безобѕирно возење: двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, двајца (во Куманово и Дебар) управувале возило без возачка дозвола, еден возач на автопатот „Пријателство“ управувал возило со брзина поголема од дозволената, додека двајца (во Кичево и Чашка) со впишана активна забрана за управување на возило, извести МВР.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времето утре сончево, од вторник облачно со повремени врнежи од дожд

Објавено пред

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови

Од вторник до четврток времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во четврток ќе има услови за изолирана појава на грмежи. Ќе дува југоисточен ветер кој во вторник ќе биде засилен, долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Во петок и во сабота ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Филипче по поразот на Орбан: Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче се огласи на социјалните мрежи откако Виктор Орбан ги изгуби изборите во Унгарија. „Вечерва Унгарија...

Европа5 часа

(Видео) Се слави на улиците, Маѓар им се обрати на поддржувачите: „Унгарија победи“

Фејсбук-страницата на Петер Маѓар го емитува во живо неговото пристигнување кај поддржувачите. „Унгарија победи“, напиша тој покрај видеото.

Забава5 часа

Најчестите грешки во негата на кожата што го забрзуваат стареењето: Не смеете да го правите ова

Откријте ги најчестите грешки во негата на кожата што го забрзуваат стареењето и научете како да ги избегнете. Неправилната рутина...

Европа5 часа

Кој е Петар Маѓар? Човекот кој го победи Орбан

Орбан го призна поразот на денешните унгарски избори. Кој е човекот што го победи – Петер Маѓар? Маѓар им се...

Европа5 часа

Маѓар доби честитки од германскиот канцелар и генералниот секретар на НАТО

Петер Маѓар објави на својата Фејсбук страница дека добил телефонски честитки од германскиот канцелар Фридрих Мерц и генералниот секретар на...

Свет6 часа

(Видео) Нетанјаху со војници во Либан: Спречивме инвазија на Хезболах

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел „ја спречил заканата од инвазија“ од Хезболах, за време на посетата на...

Забава6 часа

Ќе бидат принудени да го сторат тоа: Овие хороскопски знаци добро ќе го запаметат крајот на април

Крајот на април носи предизвици, но и бројни решенија за некои хороскопски знаци. Сепак, некои од нив повеќе нема да...

Европа6 часа

(Видео) Орбан го призна поразот: Резултатот е болен

Унгарците гласаа денес на изборите на кои уверлива победа извојува партијата Тиса на противникот на Орбан, Петер Маѓар. Актуелниот премиер...

Забава6 часа

Убавата водителка нема конкуренција: Дури и на 55 години, нејзините секси фотографии воодушевуваат

Водителката Аманда Холден неодамна го прослави својот 55-ти роденден и никој не може да поверува дека изгледа толку совршено во...