Контакт

Македонија

ССНМ е загрижен за прогласување на технолошки вишок за новинари во ТВ Телма

Објавено пред

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со загриженост ги следи најавите од Телевизија Телма за отпуштање новинари и медиумски работници под закрила на спроведување нова систематизација и програма.

„По целодневната комуникација во која се запозна со предметот и доби инструкции од својот правен тим ССНМ целосно застанува зад својот член.

Според известувањето кое беше доставено до Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ТВ Телма започнува процес за прогласување на технолошки вишок во компанијата, заедно со нова програма и прераспределба на работни позиции. Но загрижува фактот што реорганизацијата е насочена само кон едно лице – долгогодишниот уредник и новинар Боби Христов чијашто позиција целосно се укинува и се прогласува за технолошки вишок“, велат од ССНМ.

„Загриженоста не само за работничките туку и за професионалните права и слободата на новинарите е уште поголема, земајќи го предвид фактот дека реорганизацијата и новата програма директно таргетираат долгогодишен искусен новинар.

ССНМ смета дека ваквите сериозни структурни промени во медиумите кои имаат за задача да го штитат јавниот интерес мора да се прават внимателно, според сите законски прописи, но и имајќи ја предвид чувствителноста на состојбата во медиумската сфера. Во исто време предупредуваме дека ова се случува со докажан новинар и тоа кога во Македонија има недостаток на нови кадри во медиумите и пред сè, независни и новинари со кредибилитет.

ССНМ го повикува раководството на ТВ Телма уште еднаш внимателно да ја разгледа одлуката за прогласување технолошки вишок, притоа земајќи ги целосно предвид правата на работниците“, се наведува во соопштението на ССНМ.

Најново

Спорт2 часа

Раул Гонзалес го напушти РК Партизан

Во ист ден, ракометниот клуб Партизан остана без претседателот на Управниот одбор, тренерот, Раул Гонзалез и еден од најдобрите ракометари,...

Спорт3 часа

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт3 часа

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет3 часа

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет4 часа

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет4 часа

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет5 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија5 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија5 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...