Контакт

Македонија

Ставриќ и оштетениот со различни верзии за примањето поткуп

Објавено пред

Докторот офталмолог Дејан Ставриќ и пациентот Владо Кузмановски на повтореното судење за поткупот од 2.000 евра пред судот изнесоа различни верзии за случајот.

dobivaj vesti na viber

Оштетениот тврди дека Ставриќ му побарал 2.000 евра за да посредува за да добие инвалидска пензија, додека Ставриќ тврдеше дека му предложил на пациентот операција во приватна клиника кај лекар од Белград за многу пониска цена.Кузмановски во својот исказ рече дека Ставриќ го оперирал и дека по операцијата му рекoл дека нема да може да работи и дека треба да побара инвалидска пензија. Му ветил дека тој ќе посредува за да добие пензија и му побарал 2.000 евра, 500 евра за него и по петстотини евра за другите тројца членови од Комисијата за оцена на работна способност при ПИОМ.Кузмановски истакна дека имал само 1.000 евра, но решил да пријави во полиција која му ги дала парите по што со Ставриќ се договорил да се чека во кафеана на Железничката станица во Скопје.„Кратко седевме, тој не ми даде никаква потврда дека со сигурност ќе добијам инвалидска пензија што беше некоректно од негова страна и ми ги побара парите. Јас му ги дадов под маса, отидов да платам кафе и тогаш дојде полицијата“, вели Кузмановски.На прашања од одбраната на Ставриќ кои се однесуваа за неговата дијагноза, лечење, дали воопшто добил инвалидска пензија, иако почна да одговара подоцна Кузмановски рече дека кажал сè и дека не сака повеќе да одговара на прашања.Ова според адвокатката на Ставриќ, Светлана Савиќ е обид оштетениот да ги избегне незгодните прашања бидејќи исказот му е научен напамет.Ставриќ, пак, потврди дека го оперирал Кузмановски, но потенцираше дека воопшто нема никаква врска со конзилијарното мислење за добивање на инвалидска пензија за кое Кузмановски зборуваше.„Поради сериозноста на повредата и тоа дека со операцијата која јас ја направив немаше драстични промени во здравствената состојба му предложив во приватната клиника „Коренеа медика“ доколку сака да го ставам на ред за операција кај познат офталмолог од Белград, кој беше гостин на клиниката,  со што ќе му овозможам да се оперира за многу пониска цена бидејќи таква операција чини од шест илјади евра, па нагоре“, рече Ставриќ.Кузмановски се согласил на ова, но рекол дека треба да најде пари. Кога дошол во Скопје иако требало да дојде во клиниката, Кузмановски според Ставриќ инсистирал да се сретнат на Железничката станица и потенцирал дека не може да се задржува бидејќи имал врзана карта и морал веднаш да се врати во Прилеп каде што живее.По барање на Јавниот обвинител и на одбраната кои предложија нови сведоци судењето беше одложено за средината на мај за кога треба да бидат повикани членовите на Комисијата при ПИОМ кои треба да бидат сослушани.Ставриќ беше уапсен во мај 2014 година под сомнение дека противзаконски примил 2.000 евра, според кое, тој при медицински преглед на Клиниката за очни болести – Скопје дијагностицирал болест на очите кај еден пациент, за што му рекол дека со таква дијагноза повеќе не ќе можел да работи и дека за парична награда може да му посредува за инвалидска пензија. Откако беше осуден на казна затвор од една година, Апелациониот суд го врати случајот на повторно судење.Ставриќ ги предводеше протестите на лекарите против моделот за плаќање по учинок. /крај/тлг

Извор: Телеграф

Македонија

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Објавено пред

ЕУ ќе додели две милијарди вра грантови и четири милијарди поволни заеми за Западен Балкан од 2024 до 2027 година како дел од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, откако беше одобрен од Европскиот парламент на денешната пленарна седница.

dobivaj vesti na viber

„Инструментот е централен дел од планот за раст за Западен Балкан“, рече коизвестувачот Тонино Пицула на пленарната седница.

Станува збор за финансирање на шесте земји од Западен Балкан на нивниот пат кон Европската Унија. Во ноември минатата година, Европската комисија го претстави Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан за периодот од 2024 до 2027 година, кој ќе вклучува две милијарди евра грантови и четири милијарди поволни заеми.

Известувачи во име на Европскиот парламент беа хрватските европратеници Тонино Пицула и Карло Реслер.

Пицула беше ко-известувач на ЕП пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ), а Реслер беше ко-известувач пред Комитетот за буџет (БУДГ).

Реслер изјави за новинската агенција „Хина“ дека тоа е инструмент споредлив со националните планови за закрепнување и отпорност, но за шест земји во Југоисточна Европа надвор од ЕУ. Тој посочи дека исплатата на средствата е поврзана со конкретни реформски активности.

Реслер апострофираше дека ќе се води сметка за усогласување на надворешната и безбедносната политика и визната политика со ЕУ.

Црна Гора и Србија со години преговараат со ЕУ, Албанија официјално ги отворија пред две години, а Македонија само делумно, со оглед на тоа што за целосен старт на преговорите неопходни се уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот. Лидерите на земјите-членки на ЕУ во март донесоа одлука да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Брисел сè уште го смета Косово за потенцијален кандидат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и државната секретарка Магдалена Несторовска го посетија Оперативниот Штаб во МВР во рамки на ОА „Претседателски и парламентарни избори 2024”, на кој присуствуваа и претставници на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, ОБСЕ и ОДИХР.

dobivaj vesti na viber

Во оваа прилика Бојмацалиев ги поздрави гостите од САД, ОБСЕ и ОДИХР и уште еднаш потенцираше дека на колегите во Оперативниот Штаб им посочил да се работи исклучиво согласно законските норми и прописи, а со цел гарантирање на безбедноста на фер, слободни и демократски избори, впрочем како што се работело и досега од 2017 година навака, без забелешки за изборниот процес.

Притоа, Бојмацалиев беше брифиран за текот на изборниот процес, за активностите и мерките кои ги презема МВР во делокругот на своите надлежности.

„Бев информиран дека гласањето не беше започнато на неколку места во предвиденото вре,е, а на неколку е почнато со задоцнување или прекинато, на различни подрачја, сите поради технички проблем со читачот на отпечаток на прст. На подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор. На подрачје на СВР Куманово регистрирани се два настани и тоа пријава за организирано носење на гласање на стари лица и поставен штаб во близина на гласачко место. За време на предизборниот молк, во периодот од 06,00 до 07,00 часот, регистрирани се три настани на подрачје на СВР Скопје за испишани графити”, информираше Бојмацалиев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Објавено пред

Полицијата во Охрид го приведе А. И. (48) затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија1 час

Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште

Процентот на избирачите што гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Според...

Македонија2 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија2 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија3 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија5 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија5 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион5 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет6 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија6 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион7 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет7 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ7 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија7 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија22 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија23 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија1 ден

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија1 ден

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...