Македонија
Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја
Стојанче Јовановски е осуден на дванаесет години затвор за смртта на неговите сопруга и ќерка Ивана и Катја.
Тој е обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана која на 2 март падна од балкон заедно со нивната шестгодишна ќерка Катја. Тој е прогласен за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар.
Обвинителството во завршните зборови побара судот да му изрече максимална казна на Јовановски, оценувајќи дека во постапката бил докажан континуитет на физичко, психичко и економско насилство врз Ивана Јовановска. Според обвинителството, не станувало збор за изолиран инцидент, туку за подолготраен образец на контрола и малтретирање што кулминирал со трагичниот настан.
Во однос на обвинетиот, обвинителката наведе дека, според медицинското вештачење, кај него не постои душевно заболување, кое би ја намалило одговорноста, туку доминирале потреба од контрола, манипулативност, недоволна самодоверба и сомничавост.
Одбраната на обвинетиот, пак, во завршниот збор тврдеше дека доказите се контрадикторни, а сведочењата претежно посредни. Адвокатот рече дека не е докажано кој, кога и на кој начин ги нанел повредите, како и дека не е докажан каузалитетот ниту за кривичното дело загрозување на сигурноста ниту за делото наведување на самоубиство и помагање во самоубиство поради што побара обвинетиот да биде ослободен.
Самиот Јовановски ги отфрли обвиненијата против него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од неколку скопски населби
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисниците во период:
· Од 08:00-12:00 часот на улицата Партизански Пат, општина Кисела Вода;
· Од 08:00-14:00 часот село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, дел од село Кондово, општина Сарај;
· Од 09:00-09:30ч дел од потрошувачите од улицата Иван Цанкар, општина Карпош;
· Од 09:00-12:30ч на ул.1 и ул.2 Нова населба Хиподром, општина Гази Баба;
· Од 09:00-15:00ч на улицата Владимир Комаров, општина Аеродром;
· Од 11:00ч до 15:00ч дел од корисниците на улицата Ванчо Мицков, општина Карпош;
· Од 13:00-15:00ч на ул 1 (Од општинаата Сопиште кон Горно Соње).
Македонија
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.
Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 20 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде стабилно, во деновите од викендот посвежо, особено наутро, а од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Карпош
Поради промена на ППХ Ф-80 мм на улицата Киро Крстевски Платник бр.2 во Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улица Коле Неделковски потегот од улицата Никола Тримпаре до улицата Киро Крстевски Платник, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот;
· Поради уличен дефект Ф-350мм на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов (кај ф-ка Карпош) во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Јуриј Гагарин, Миле Поп Јорданов, а со намален притисок ке бидат корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов (потегот од М.Т.Гологанов раскрсница со 8ми – Септември до студенски дом Гоце Делчев), Прашка и населбите Жданец, Трнодол и Горно Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
