Контакт

Македонија

StopKorona! – мобилна апликација за справување со Ковид-19

Објавено пред

Владата ја разгледа и усвои информацијата за StopKorona! – мобилна апликација за справување со Ковид-19 и го овласти министерот за здравство, Венко Филипче, да го потпише договорот за донација помеѓу Друштвото за информатичка технологија „Некстсенс“ ДОО како давател на донацијата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија како примател на донацијата.

Користењето на оваа мобилна апликација е на доброволна основа од страна на граѓаните на Република Северна Македонија, а деталите за апликацијата ќе бидат презентирани на прес-конференција од страна на министерот за здравство и министерот за информатичко општество и администрација.

Македонија

Сончево време со услови за локален дожд

Објавено пред

Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец, информира УХМР.

Попладне во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево, во попладневните часови со зголемена облачност и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Следува период на потопло време. Претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на влажен бран повеќе врнежи се очекуваат помеѓу петок и сабота.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Објавено пред

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после два и пол часа од внатрешниот дел на објектот излегол лидер на една политичка партија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, призна дека бил тој.

Мицкоски на „Фејсбук“ напиша дека не ги знаел протоколите за работа на угостителските објекти и дека е спремен да плати казна.

„Во услови кога имаме вистинска катастрофа од ширењето на корона заразата и целосно фијаско на власта која е дезориентирана и не е ефикасна, таа се занимава со тоа дали сум ручал внатре или надвор во ресторан, притоа комплетно покажувајќи го на дело нејзиното нечесно лице и инсталации. Дефокусирајќи ја јавноста со таа “епска битка” на специјалците од ЕБР, со вработените од ресторан, јавувајќи се по медиуми, да прават приказна од нешто каде нема и низа други дезинформации, со цел да се дефокусира вниманието од вистинската катастрофа со животите на граѓаните, предизвикана од неспособната власт.

Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа“, напиша Мицкоски.

Тој вели дека не мисли дека луѓето не знаат да направат грешка и дека битно е грешката да не е таква да направи лошо некому, да наштети некому, да биде непоправлива.

„Жал ми е што денес, покрај погубните бројки на ново заболени и починати случаи, катастрофалното менаџирање со кризата од корона вирусот, економскиот дебакл на власта, кражбите на парите на граѓаните со милионски суми, рекетите, распродажбата на националните интереси, денеска тема стана и мојата средба со познаници во една Скопска кафеана. Човечки е да се згреши, и не сум лицемер кој едно говори пред камерите, а друго зад нив. Сакам да демантирам, дека имав било каков контакт со било кој од државната инспекција или органите на државата. Тоа се измислици за да се потхрани дефокусирањето на јавноста“, вели Мицкоски.

И да бидам искрен, додава тој, овој мој човечки грев, сметам дека е многу помал од состојбата која денес се случува врзана со губењето на животи и неодлучноста на владата која го загрижува здравјето на сите.

„Денес вистинската тема е што имаме 101 ново заразен и 4 починати. Власта сака да продаде приказна за да ја скрие вистината за себе, и фактот дека моето одење во ресторан не зарази никого, но нивната неспособност и СДСМ кластерот, да. Ако некој имаше дилема, сега е повеќе од јасно, кристално јасно дека власта и параполициските сили диригирани лично од Зоран Заев ме следат. И треба да знаат, Македонија не заборава, а сите тие ќе бидат поразени!“, напиша Мицкоски доцна синоќа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Објавено пред

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат надзор во внатрешниот дел од кафеаната, а по два и пол часа, бил забележан лидер на политичка партија како излегува од објектот.

Раководителката на инспекцискиот надзор за Скопје, Мери Проја-Продановска, рече дека инспекторите немаат надлежност да легитимираат и не откри за кој политичар станува збор.

„Околу 18.15 часот инспекторите беа спречени да извршат увид со образложение дека угостителскиот објект е од затворен тип и нема гости внатре, па колегите продолжија во други угостителски објекти, но сепак се вратија кај истиот објект со уште една замолница да се отвори објектот да се направи надзор. По два и пол часа, успеавме да влеземе, но имаше други дејства пред тоа од објектот, излегле луѓе од објектот, нормално, инспекторите не може да направат легитимирање, но препознаен е лидер на политичка партија“, рече таа.

Продановска рече дека Државниот пазарен инспекторат не прави разлика меѓу граѓаните и упати апел до политичарите, до сите носители на функции и граѓани, да се свестат дека ситуацијата е повеќе од драматична.

Угостителскиот објект ќе добие кривична пријава за спречување да се изврши инспекциски надзор и за тоа што работел во внатрешниот дел и покрај забраната и одлуката на Владата угостителите да служат гости само на летните тераси.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија10 часа

Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија11 час

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија12 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ16 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија16 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија17 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија19 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија19 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет22 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа22 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет23 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет24 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа1 ден

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион1 ден

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет2 дена

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет2 дена

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија2 дена

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија2 дена

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија2 дена

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Досие