Македонија
Суд: Има услови за одржување на рочиштето за „Диво насеље“
Од Основниот суд Скопје 1, во среда попладне соопштија дека „судот ги направи сите напори да ги обезбеди сите неопходни услови за водење на постапката пред се имајќи ги во прв план правата на странките во постапката и нивната безбедност“, за рочиштето за „Диво насеље“.
Имено, во средата на продолжението на рочиштето, адвокатите на обвинетите, меѓу кои и адвокатот, Насер Рауфи, забележаа дека нема услови за одржување на рочиштето, затоа што салата била премала да ги прими сите роднини на обвинетите кои сакаат да го следат судењето, дека нема место за новинарите, а дел од адвокатите се пожалија и дека нема место каде да си ги остават ташните. „Во однос на одредени новинарски написи и коментари околу судењето за настаните од кумановско „Диво Насље“, дека судењето било затворено за јавноста, како суд во целост ги демантираме овие наводи и потврдуваме дека главната расправа по овој предмет е јавна и како јавност освен медиумите присуствуваат и претставници на ОБСЕ и невладини организации од земјата“, се вели во соопштението од судот.Од таму додаваат и дека заради просторните ограничувања на судницата, на медиумите им е овозможено судењето да го следат преку видео пренос во библиотеката на судот. „Но, одредени медиуми кои воопшто не беа присутни во судот инфомриаа дека судењето наводно било затворено, за што најдобар демант беа бројните телевизиски прилози и новинарски текстови кои ги објавија новинарите кои професионално го следеа судењето“, се вели во соопштението.Во донос на роднините на обвинетите кои немаа можност да влезат на судењето потребно е да се знае дека роднините имаат право во секое време да ги посетат обвинетитие во установите каде ја издржуваат мерката притвор, и судот им ги обезбедува сите неопходни дозволи, а што се однесува до присуство на судењето, Законот за кривична постапка не предвидува дека судот мора да им дозволи на роднините да присуствуваат на судењето, а како јавност во постапка се подразбираат сите лица кои транспарентно и непристрасно ќе ги следат и пренесат случувањата во судницата.Воедно мора да се има во предвид дека освен желбите на роднините на обвинетите да го следат судењето за нивните блиски, подеднакви се и желбите на семејствата на оштетените и жртвите од овој настан, од кои причини Кривичниот суд упатува порака до сите вклучени страни во оваа постапка да не ги разгоруваат чувствата на двете страни бидејќи со истото не придонесуваат за судење во една смирена атмосфера, додаваат од судот.Адвокатот Насер Рауфи кој ја напушти судницата заради немање услови како што тврдеше, по што судијката даде пауза од половина час, но на судењето не се врати ниту тој, ниту неговите колеги Бујар Дардишта и Мефаил Арслани. Судот ги казни адвокатите со по 1.200 евра казна заради навреда на Судот и нарушување на редот во судницата, а Рауфи и Дардишта ќе треба да ги надоместат и трошоците во постапката.Арслани не е задолжен да ги плати трошоците, бидејќи имал замена на судењето./крај/со/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија, 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјава право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.