Македонија
Судир на имигрантите со македонската полиција на грчката граница
Тензично е на македонско-грчката граница во неделата претпладне, откако група мигранти се судри со македонската полиција по обидот да се прекачат преку оградата којашто е поставена на македонско-грчката граница, јавува Reuters
Македонската полиција употреби солзавец по што мигрантите почнаа да фрлаат со камења кон полицијата, пренесува агенцијата која одбележува дека грчката полиција не се вмешува во судирите. Грчки полициски извор изјавил дека има тензија, но одбил дополнително да коментира.
Македонски извор кој барал да остане анонимен, изјавил дека поголема група го напуштила кампот Идомени во утринските часови и се упатиле кон оградата со цел да ја минат. „Тие фрлаа со камења врз македонската полиција. Полицијата одговори со созлавец“, изјавил
До инцидентот дошло откако група од повеќе од 500 луѓе поверувала на слуховите дека границата е отворена. Reuters наведува дека откако тоа било негирано од македонските полицајци повеќе од сто мигранти, меѓу кои и деца, се обиделе да се прекачат преку оградата.
Од грчката страна на гранциата во областа Идомени, се проценува дека во моментов има повеќе од 10.000 бегалци и мигранти кои останаа тами, откако кон средината на февраури земјите од ткн балканска бегалска рута, вклучително и Македонија, го следа примерот на земји од Европската унија и ги затворија границите./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка
Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.
Македонија
Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.
Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.
Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.
„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“
Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.
„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“
Македонија
Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје
Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.
Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.