Контакт

Македонија

Судот му го врати пасошот, Марковски ја напушти државата со амин од правосудството, велат од Левица

Објавено пред

​​​Само неколку дена откако Основниот суд во Струга му го врати пасошот, Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, ја напушти Македонија. Лицето за кое претходно постоеја мерки за обезбедување на неговото присуство во кривичната постапка, преку ноќ престана да претставува опасност од бегство. Денес, наместо пред судските органи, Марковски е недостапен за државата која самата му ја овозможи можноста да замине, велат од Левица.

„Најголемиот апсурд е што Марковски не избега спротивно на институционалните мерки, туку откако тие беа ублажени. Пасошот не му беше вратен затоа што престанала опасноста од бегство, туку поради прифатена имотна гаранција. Судот сè уште не објасни врз основа на кои конкретни законски одредби оценил дека имотната гаранција е доволна причина да се укине мерката за одземање на патната исправа. По секоја правна логика, ако постои ризик обвинет да стане недостапен, мерките треба да се зајакнуваат, а не да се ублажуваат“, велат од Левица.

Според партијата, особено загрижува што позитивно мислење за враќањето на пасошот дало Вишото јавно обвинителство во Битола, со кое раководи Пецо Везироски.

„Станува збор за истиот виш јавен обвинител против кого пратеничката Јована Мојсоска веќе поднесе претставка до Советот на јавните обвинители поради неговото НЕпостапување во предметот со дивоградбата во Струга, кога наместо да го санкционира незаконитото постапување на ОЈО Струга, застана во негова одбрана. Денес, повторно неговото обвинителство дава позитивно мислење во корист на обвинет кој само неколку дена подоцна ја напушта државата. Таквата низа на постапувања отвора сериозно прашање дали Вишото јавно обвинителство ја исполнува својата законска функција или повторно обезбедува институционално покритие за привилегираните“, велат од Левица.

Дополнително, додаваат од партијата, загрижува и образложението на претседателот на Основниот суд во Струга, Вулнет Винца, дека имотната гаранција и мерката за одземање на пасошот не можеле истовремено да опстојат. Ако тоа е навистина правниот став на Судот, велат од Левица, тогаш се поставува прашањето зошто лице за кое претходно постоела опасност од бегство одеднаш повеќе не претставува таков ризик само затоа што е положена гаранција. Имотот може да биде предмет на извршување, велат од Левица, но не може да биде замена за физичко присуство на обвинетиот во кривичната постапка.

„Во овој случај не може да се занемари ниту одговорноста на Министерството за внатрешни работи. Независно од тоа кога е утврдено дека Марковски ја напуштил државата, останува фактот дека уште едно лице против кое се води кривична постапка стана недостапно за органите на прогонот. По интерпелацијата што Мојсоска ја поднесе против министерот Панче Тошковски поради серијата институционални пропусти во работењето на МВР, овој случај претставува уште една потврда дека институциите повторно реагираат дури откако последиците веќе настанале“, се наведува во соопштението.

Левица бара Министерството за внатрешни работи веднаш да соопшти кога и преку кој граничен премин Борче Марковски ја напуштил државата, како и дали МВР располагало со какви било сознанија во врска со неговото заминување.

Истовремено, Левица бара Судот мора јавно да соопшти кој судија ја донел одлуката за враќање на пасошот и да го објави целосното образложение врз кое се темели таа одлука.

„Советот на јавните обвинители, пак, мора конечно да постапи по претставката што Левица ја поднесе против Пецо Везироски, додека Судскиот совет треба да отвори постапка за утврдување на одговорност доколку се констатира дека судската одлука е донесена спротивно на законските критериуми. Селективната правда започнува многу порано од евентуалното бегство на обвинетиот – таа започнува кога институциите ќе почнат различно да го применуваат законот во зависност од тоа кој се наоѓа пред нив и колкава политичка и економска моќ поседува“, велат од Левица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Регион8 минути

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека станува...

Македонија23 минути

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет25 минути

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет31 минута

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...

Македонија39 минути

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција рече дека фирма на сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според...

Македонија51 минута

(Видео) Одлуката од 2023 не значи зделка со Алта банка – конфискуваните акции ѝ беа продадени во јануари 2026, кажа Серафимовска-Борозан

СДСМ тврди дека одлуката од јуни 2023 година за продажба на конфискувани акции во Стопанска банка Битола не била поврзана...

Спорт2 часа

Легендата на Бразил удри по Анчелоти: Доста е, спакувај се и оди си

Легендарниот Ромарио побара оставка од Карло Анчелоти, откако Бразил загуби од Јапонија (3:2) во пријателски натпревар. На еден од најдобрите...

Свет2 часа

(Видео) Автобус со работници се преврте во Иран, 12 лица загинаа

Дванаесет лица загинаа, а 16 се повредени откако автобус што превезувал вработени во нафтена компанија се превртел во текот на...

Спорт2 часа

(Видео) Пријателски натпревар се претвори во масовна тепачка

Пријателскиот натпревар помеѓу Њујорк Ред Булс и Клуб Америка од Мексико се претвори во вистински хаос. Средбата одиграна во Њу...