Контакт

Македонија

Судот во Стразбур донел пет пресуди против Македонија за тортура од полицајци

Објавено пред

Во текот на 2015 година, Европскиот суд за човекови права донел пет пресуди против Македонија за тортура на државни службеници, полицајци врз граѓани, соопшти Хелсиншкиот комитет по повод Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување. 

dobivaj vesti na viber

„Хелсиншкиот комитет во последните три години има регистрирано дузина слични случаи за кои обвинителствата не спроведуваат ефективна истрага или државата не ја надоместува штетата. Дел од овие примери се брутално нападнатиот граѓанин на улица во Охрид од страна на полицијата, осуденото лице кое по напад на затворски полицаец изгуби еден бубрег и слезината, нападот на голем број полициски сили против граѓани од ромската заедница во населбата Топаана, претепувањето на невино момче во Полициската станица во Демир Хисар, тепањето на малолетни деца Роми од страна на Полициската единица „Алфа“, врзувањето со јаже на малолетниот Леон погрешно сместен во установа за лица со телесна попреченост и употребата на загадена вода во Затворот „Куманово““ се вели во соопштението од Комитетот.

Во текот на март 2016 година, Хелсиншкиот комитет испратил 49 барања за информација во врска со заведени предмети по кои основните јавни обвинителства и судовите постапувале по кривичните дела Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување (предвидена затворска казна од 3 до 20 години) и Малтретирање во вршење на службата (предвидена затворска казна од 1 до 5 години) за периодот од 2009 до 2015 година.

„Беа добиени повратни информации од 21 (од вкупно 26) суд и 20 (од вкупно 23) основни јавни обвинителства. Според добиените одговори од судовите, за период од шест години, тие постапувале по 22 предмета поврзани со тортура и по 56 предмети поврзани со малтретирање. За кривичното дело тортура немало ниту една осудителна пресуда со која некој бил осуден на затворска казна. Биле донесени само осум пресуди со условна осуда, како алтернативна мерка. Што се однесува до кривичното дело малтретирање во вршење на службата, била донесена само една пресуда со утврдена затворска казна (шест месеци) и 16 пресуди со условна осуда. Основните јавни обвинителства постапувале по 32 предмети за тортура. Само во седум од нив имало истрага и било поднесено обвинение. За малтретирање во вршење на службата обвинителствата постапувале во 138 предмети, истрага имало за 30, а обвинение било поднесено во 22 предмета“, соопштуваат од Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет се приклучува кон одбележувањето на овој меѓународен ден и упатува апел до властите конечно да го препознаат постоењето на тортурата и да развијат политики за заштита од овој варварски чин. Властите мораат да спроведат политика на нулта толеранција за акти на тортура од страна на службени лица. Крајно време е да се соочиме со феноменот на неказнивост и солидаризирање на јавните обвинителства и судовите со полицијата. Главниот фокус мора да се насочи кон жртвите на тортура за кои државата сè уште не обезбедува соодветна правна, медицинска, психолошка и социјална поддршка./крај/мф

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи“, се наведува во извештајот на Стејт департментот

Објавено пред

Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година, со кој се бара од организациите именувани по поддржувачи или соработници на фашизмот да ги променат своите имиња, се наведува во извештајот на Стејт департментот.

dobivaj vesti na viber

„Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија. Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза“, се вели во извештајот.

Во однос на слобода на здружување во Бугарија, во извештајот се наведува дека Законот предвидува право на слобода на здружување и владата генерално го почитувала.

„Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување на групите.

Во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден-Пловдив со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското етничко малцинство, биле насочени кон поделба на нацијата и ќе создадат услови за етнички конфликт. Во мај, Апелацискиот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд“, нотира извештајот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ-и заедницата и поткопана слобода на изразување, забележа Стејт департментот во извештајот за човекови права во Македонија

Објавено пред

Сериозна владина корупција, сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, насилство и закани за насилство насочени кон ЛГБТ-и заедницата се само дел од забелешките во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија во 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Извештајот меѓудругото нотира значителни „одложувања во судењата кои вклучуваат сериозна корупција, при што само неколку беа завршени до септември, вклучително и оние против поранешни владини функционери.  Уставот предвидува независно судство, но владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност, вели извештајот.

„Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото“.

Анкетите покажале силна недоверба на јавноста кон судството.

„Унапредување под политичко влијание без заслуга или транспарентност се случи во судството и обвинителството. Во јануари, Судскиот совет утврди дека двајца судии на Апелациониот суд во Скопје свесно ги одложиле одлуките за да ги истуркаат обвинетите да го поминат рокот на застареност. На 26 април, Судскиот совет го разреши својот претседател, потег што критичарите тврдеа дека укажува на политичко мешање. Двајца членови поднесоа оставки од Судскиот совет како одговор, а неколку истакнати граѓански организации побараа целосна оставка на Советот“.

Слободата на изразување била поткопана од неефикасноста на правосудниот систем, недостатокот на транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции, несоодветното однесување во име на јавните службеници во нивната интеракција со новинарите, притисокот врз новинарите кои истражуваат корупција, дезинформациите, говорот на омраза во онлајн и социјалните медиуми, и самоцензура.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Одрони на неколку патни правци

Објавено пред

ЦУК извести дека преку единствениот број за Итни повици Е-112 добиена е дојава за одрон на патот кај Калиманци, на регионалниот пат Македонска Каменица-Виница, 5 километри пред влезот на Македонска Каменица.

dobivaj vesti na viber

За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го саниррат одронот, додаваат од ЦУК.

Исто така добиена е дојава за одрон на патен правец село Удово-Демир Капија.

„Точната локација е 2-3 километри после село Удово во правец спрема Демир Капија. За настанатата состојба известени се ЈП за оддржување на регионалните и магистралните патни правец и екипите се излезени на терен за да го санираат одронот“, соопшти ЦУК.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија5 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија7 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија9 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија11 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија12 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет12 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија13 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет13 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија13 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет13 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...