Контакт

Македонија

Сулејмани: Преспанскиот Регион ќе стане симбол на новата соработка меѓу Северна Македонија, Грција и Албанија – потпишанa заедничкa изјава за патот кон УНЕСКО

Објавено пред

Со потпишување на заедничката изјава, министрите за култура на Северна Македонија, Грција и на Албанија на денешната трилатерална средба во Грција, ја потврдија заедничката заложба за заштита и афирмација на природното и културното наследство на Преспанскиот Регион, како и за заедничка подготовка на неговата номинација за Листата на светското наследство на УНЕСКО.

Изјавата ја потпишаа министерот за култура и туризам на Северна Македонија, Седат Сулејмани, министерката за култура на Грција, Лина Мендони и министерот за туризам, култура и спорт на Албанија, Бленди Гонџја.

На средбата присуствуваа и Михалис Рокас, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Синиша Шешум, раководител на канцеларијата на УНЕСКО во Сараево при Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција, постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колубија, како и претставници на локалните самоуправи и институциите од трите земји.

Во своето обраќање, Сулејмани истакна дека заедничката номинација за УНЕСКО е следен суштински чекор во соработката меѓу трите земји, нагласувајќи дека целта не е само меѓународно признание, туку долгорочно и одржливо управување со регионот, со конкретни придобивки за локалните заедници.

„Преспа, природно и историски, отсекогаш била една целина, иако нејзините брегови ги делат три соседни држави. Токму во таа сложена убавина лежи и нашата одговорност: да ја претвориме во причина за континуирана, добро координирана и резултатски ориентирана соработка“, порача Сулејмани.

Тој посочи дека трите земји веќе имаат добра основа за продлабочување на соработката, потсетувајќи на реализираните активности и проекти во кои учествувале институции и експерти од Северна Македонија, од Грција и од Албанија. Како значајни примери ги истакна соработката со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Грција, во чии рамки се реализира конзервацијата на живописот во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, активностите со албанските институции на островот Мал Град, како и проектот „ACT4PRESPA“, поддржан од Европската Унија.

„Овие искуства покажуваат дека соработката постои, но и дека можеме да ја зголемиме“, истакна Сулејмани, додавајќи дека токму преку заедничкото знаење, добрата волја и заедничкиот интерес, Преспа може да прерасне во пример за успешна прекугранична соработка и заедничка заштита на наследството.

„Преспа заслужува да биде простор каде што разликите се почитуваат, а заедничките вредности се негуваат. Кога ги спојуваме знаењето, добрата волја и заедничкиот интерес за овој регион, ние не градиме само проекти – градиме трајна и зрела соработка меѓу нашите три земји“, рече Сулејмани.

Најново

Свет2 минути

(Видео) Трамп најави „одличен, прекрасен договор за Украина и Европа“; За што станува збор?

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов безбедносен договор за Украина, кој би можел „да се прошири на цела Европа“. Тој...

Забава7 минути

(Фото/Видео) Гламур на нејзин начин: Марго Роби покажа речиси сè во целосно проѕирен фустан

Холивуд и високата мода завладеаја со центарот на Сиднеј во четвртокот, кога многубројни славни личности се собраа во областа Барангару...

Забава16 минути

(Фото) Ким Кардашијан во „диво“ издание за кое зборува Њујорк

Луксузната комбинација што ја носеше Ким Кардашијан ги подели модните критичари, уште еднаш потврдувајќи го нејзиниот статус на икона која...

Забава23 минути

Не ви се потребни теретана ниту скапа опрема: овие пет вежби ќе го направат вашиот задник поцврст и позатегнат

Сите веќе знаеме дека можеме да одработиме квалитетен тренинг за кој било дел од телото, удобно, од сопствениот дом. Кога...

Култура29 минути

Триумф на актерката Соња Михајлова: Награда за животно дело во Битола и Гран При во Токио за филмот „Сестра, брат и шахта“

По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа...

Македонија32 минути

Максим Димитриевски: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки кон Бугарија без реципроцитет

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, во телевизиско гостување порача дека ЗНАМ нема да отстапи од...

Забава56 минути

(Фото) Имаат над 50 години, а сепак изгледаат како да се во своите дваесетти: Овие славни дами му пркосат на времето

Без разлика дали станува збор за добра генетика, дисциплина или специфични ритуали за нега на себе, овие познати жени пронашле...

Европа1 час

Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива

Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива за периодот од декември оваа година до мај следната година, се наведува во...

Регион1 час

Српски ловци придружуваа авион на „Виз ер“ по уште една закана за бомба

Два борбени авиона на српското воено воздухопловство пресретнаа авион на „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија, откако пристигнала...