Контакт

Македонија

Сулејмани во работна посета на културни установи за подобри услови и развој на културата

Објавено пред

инистерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, денеска оствари работна посета на шест значајни културни установи: Македонската филхармонија, Македонскиот народен театар, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националниот конзерваторски центар и Конзерваторскиот центар – Скопје.

Посетата е дел од најавената и доследно спроведувана практика на министерот лично да ги посети, една по една, сите културни установи во земјава. Целта е непосредно, на самото место, да се запознае со нивната секојдневна работа, условите во кои се создава уметноста и културата, како и со реалните предизвици со кои се соочуваат. Со оваа определба, министерот јасно покажува дека не работи само од канцеларија, туку е присутен таму каде што навистина се создава и живее културата, соопштија од ресорното министерство.

Во текот на посетите, директорите на установите детално го запознаа министерот со тековната работа, програмските активности, кадровските и инфраструктурните предизвици, како и со конкретните проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Разговорот опфати и можности за унапредување на условите за работа, подобрување на соработката меѓу установите и долгорочните планови за развој. Особено внимание беше посветено на програмата за 2027 година, при што беа разгледани приоритетите, финансиските потреби и можностите за реализација на значајни културни проекти.

„Министерството за култура и туризам и понатаму ќе обезбедува целосна поддршка за установите, за нивната работа и програмите, со цел зајакнување на културниот живот, унапредување на уметничкото создавање и обезбедување подобри услови за развој на културното наследство и современата уметност во земјав“.

Најново

Македонија1 секунда

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија4 минути

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија10 минути

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...

Спорт37 минути

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа...

Црна хроника41 минута

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија43 минути

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија46 минути

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт53 минути

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...

Спорт1 час

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки...